Безос и неговата сопруга Мекензи се чини дека немаат предбрачен договор , така што судот ќе има полни раце работа, а адвокатите уште сега се радуваат. Мекензи го запознала Џеф уште пред дас е збогати , така што според правните експерри извесно е дека при разводот таа би можекла да добие голем дел од сопственичкиот капитал на компанијата Амазон. Тие се запознале во 1992 , а Мекензи била покрај Безос уште од почетоците на Амазон во 1994 , кога работеле во скромна гаража.
Заедно имаат четири деца, три сина и една посвоена ќерка. Мекензи (48) , која инаку е издавач , по разводот би можела да стане најбогата жена на светот.
Џеф Безос , кој беше главен акционер на Амазон , сега поседува 16 % од компанијата , што според берзанската вредност на акциите вчера, изнесува околу 130 милијарди долари.
Најавата за развод не влијаеше на акциите на компанијата на Вол Стрит. Адвокатот Рендал Кеслер , од адвокатската компанија , која работи за Амазон , вели дека доколку двајцата не се договорат , тоа би можело да влијае на вредноста на компанијата.
,,Треба да се најде начин како на Мекензи да и се исплати соодветен дел , а тоа да не влијае на компанијата.” , вели адвокатот и додава дека доколку не се договорат , тогаш ќе има долга и мачна парница во која само адвокатите ќе заработат.
Веднаш по објавата за развод , излезе информацијата дека Џеф Безос е во страствена врска со сопругата на моќен холивудски ловец на таленти , Патрик Вајтсел , телевизиската водителка и новинарка Лорин Санчез.
Нивната врска почнала пред околу осум месеци.