Слават 50. роденден , а се уште се меѓу најубавите жени на светот (ФОТО)

Деновиве на социјалните мрежи почна жестока расправа предизвикана од пишувањето на францускиот писател Јан Муа , откако изјавил дека не би бил способен да сака жена постара од 50 години.

,,Повеќе сакам и ценам млади тела , така е. Не е многу комплицирано. Телото на 25 годишна девојка е чудесно. Телото на 50 годишна ни малку не е чудесно.” изјави познатиот писател. По тоа многу жени се најдоа погодени , а француската комичарка Марина Фуа , која наскоро ќе наполни 49 , рече дека има само една година и 14 дена за да спие со писателот.

Голем број од корисниците на социјалните мрежи го бранеа ставот на писателот , но најжесток демант согна од Холивуд.

Бројни актерки оваа година ќе наполнат 50 години , па сепак се вбројуваат меѓу најубавите жени на светот и се уште се секс симбол. 

Плејбој објави нова фотографија од најпознатата зајачица

Службениот Инстаграм профил на Плејбој е вистински рај за очите на сите осум милиони луѓе кои го следат.

Екипата од најпознатиот машки магазин на светот секојдневно објавува стари фотографии од убавиците кои се фотографирале за овој магазин. Таму може да се видат некои од најубавите жени од шеесеттите па се до денес. Но, најмногу внимание привлече најпознатата Плејбој зајачица Памела Андерсон со фотографија на која таа е потполно гола.

Лепа Брена и Боба слават 28 години брак

Лепа Брена, една од најпопуларните пејачки на Балканот, слави 28 годи брак со Боба Живоиновиќ.

Пеачката открива дена ниту оваа година нема да има гламурозна прослава.

-Ние тоа го прославуваме многу лесно и едноставно. Сакам сите деца да се со нас, со нивните девојки и сопруги. Отвораме шише шампајн, седиме и се дружиме. Без многу гламур, објаснува Брена.

Балканската дива појаснува и дека цел декември во нејзиниот дом владее празнична атмосфера.

-Декември е месев во кој навистина имаме многу обврски. Особено оние обврски кои луѓето не ги гледаат а тоа е да имате некаква комуникација со своето семејство. Затоа што на нашите деца им се потребни мајките во декември. Моите деца пораснаа па тие мене многу повеќе ми помагаат отколку јас на нив, Многу сум среќна оваа година, затоа што јас и Боба славиме 28 години брак. Славиме годишнина, изјавила Брена.

Популарната пејачка на својот Инстаграм профил објави и снимка од венчавката.

-И така ние 28 години. Не е ништо страшно. Среќна жена. Јас немам друг дом, напиша Брена.

Видео: Што се случува доколку пробате да фотокопирате банкнота од 50 евра

Еден јутјубер направил експеримент за да види што се случува доколку се обиде да фотокопира банкнота во обична фотокопир машина.

Тој користел банкнота од 50 евра, а резултатите се изненадувачки.

По првиот обид за копирање, копијата од банкнотата по себе имала бели линии по цела должина, Тогаш тој одлучил да проба да додаде уште еден предмет за копирање за да види што ќе се случи.

Во третиот обид тој прекрива дел од банкнотата со бела трака и конечно успева да го измами скенерот , но е очигледно дека дел од банкнотата е прекриен.

притисни ентер