МТСП: Граѓаните да пријават ако забележат бездомно лице

 Доколку граѓаните забележат бездомно лице да го пријават на дежурните телефонски броеви за да биде сместено во некои од прифатните пунктови што се во функција од почетокот на зимскиот период.

За лицето да биде заштитено од естремно ниските температури, апелираат од Министерството за труд и социјална политика.

-Пријавувањето може да се прави на следните телефонски броеви: Скопје: 071 733 171, 071 411 908, 071 261 778; Битола: 070 791 770; 071/397-272; 071/397-875; Струмица: 070 381 660; Струга: 070 317 612 / 046 781 733. По пријавата на овие телефонски броеви мобилните тимови од Центрите за социјална работа и на Црвениот крст излегуваат на терен и ги згрижуваат бездомниците во неколку пунктови во Скопје и низ Македонија каде што добиваат чиста облека, топол оброк, греење и лекарска помош. На лицата кои одбиваат да се сместат во некој од пунктовите им се дистрибуира вреќа за спиење, ќебе, облека, храна, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството потсетуваат дека во соработка со Црвен крст во Скопје од пред еден месец го ставиле во функција интервентниот центар за бездомници „Момин поток" каде што има 32 легла. Во периодот од 16 декември лани до 9 јануари годинава реализирани биле 226 преспивања.

Покрај овој интервентен центар во функција се уште три регионални прифатни центри во Битола, Струмица и Струга. Исто така, МТСП ги задолжило сите Центри за социјални работи низ Македонија на своите веб страници да објават дежурни телефонски броеви за пријавување на бездомниците и другите семејства без соодветни услови за живеење.

За лицата и за семејствата кои од најразлични причини се доведени во состојба да немаат дом, како една од формите за вонинституционална социјална заштита на бездомни лица, велат од МТСП, воспоставен е Центар за бездомни лица Чичино село кој функционира согласно Законот за социјална заштита.

-Со цел да ги заштити од ниските температури семејствата со деца кои живет во импровизирани живеалишта под Кале, Министерството за труд и социјална политика уште во текот на ноември минатата година обезбеди сместување за дел од нив. Околу 15 семејства се преселија во привремената монтажна населба во Визбегово, а дел 85 лица, од кои 49 се деца се сместени во во установата „Ранка Милановиќ" се додава во соопштението од МТСП.

Вакви активности биле преземени и во текот на зимата 2017/2018, кога околу 120 лица биле сместени во објекти на установа за социјална заштита, со тоа што биле вклучени во пилот Програма за поддржано живеење.

Од понеделник учениците на еднонеделен пролетен распуст

За учениците од основните и средните училишта денеска е последен учебен ден по што ќе следува пролетниот распуст кој за прв пат се воведува годинава.

Од понеделник започнува пролетниот распуст за учениците од основните и средните училишта, кој ќе трае до 6 мај. Ден потоа на 7 мај учениците во чии училишта ќе се гласа се враќаат на настава, но со скратени часови и работно време до 11 часот. На 8 мај на денот на изборите училиштата нема да работат.

За прв пат годинава има промена и во календарот за настава, со што учебната година за основците, наместо на 10 ќе заврши на 17 јуни. Причина за ова е да се исполни годишниот фонт од 180 часови. Средношколците пак на летен распуст ќе одат на 10ти јуни…

Директорите на училиштата ја подржуваат ваквата одлука. Велат дека навремено биле известени за промената и се подготвени за реализација на распустот.

-Генерално сметавме дека е добар потег, бидејќи ова второ полугодие имаме малку денови неработни, па пролетниов заедно со Велигден и со мај ни дојде како споено, така да позитивни се до некаде реакциите.-Фоника Станоева - директор на ООУ Љубен Лапе – Аеродром.

За разлика од раководствата на училиштата, граѓаните со скепса гледаат на промената.

-Доволно е зимски распуст и летен распуст, а пролетен распуст мислам дека нема потреба. Се нарушува наставата и така не се добро опремени со книги со такви работи немаат за учење и сега плус и со наставата.

-Не е добра идеја. Сега можеби е добра затоа што има празници инаку пролетен распуст воопшто не го одобрувам. Кога децата ќе навлезат во учењето ние им даваме одмори, само што се навлезени во учење тогаш се оценките, тогаш се писмени работи.

Дополнително од МОН ги задолжија директорите на училиштата да организираат обработка на наставата од двата изборни дена и неработниот ден од Советот на министри на ОБСЕ, преку подолг престој на учениците во училиштата во денови од работната недела, а во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

САД соопштија дека уништиле беспилотни летала на Хутите

Војската на САД денеска соопшти дека коалициските сили „ангажирале и уништиле“ два беспилотни летала во деловите на Јемен контролирани од Хутите, откако бунтовниците поддржани од Иран лансирале балистичка ракета во Аденскиот Залив.

Противбродскиот проектил лансиран вчера не предизвикал повреди или оштетувања, се вели во соопштението на американската Централна команда (CENTCOM).

Неколку часа подоцна, американската војска „успешно ангажираше и уништи еден брод без екипаж и едно беспилотно летало во областите во Јемен контролирани од Хутите, соопшти командата.

Бунтовниците од ноември извршија десетици ракетни и беспилотни напади насочени кон бродовите, велејќи дека тие дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа. /МИА

Блинкен: Студентските протести во САД се дел од демократијата

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека студентските протести во САД поради ситуацијата на Блискиот Исток се дел од „демократијата“.

„Белег на нашата демократија е тоа што нашите граѓани во секое време го изразуваат своето мислење, загриженост, гнев“, изјави Блинкен за новинарите за време на посетата на Кина.

Студентските протести во САД почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од престижните универзитети, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации. /МИА

притисни ентер