Хуавеи го воведува новиот ARM процесор со ултра-високи перформанси

Компанијата за мобилни телефони Хуавеи го воведува новиот ARM процесор со ултра-високи перформанси со што ја доведува глобалната компјутерска моќ на повисоко ниво

„Huawei“ го објави највисокиот процесор во индустријата базиран на архитектурата на Advanced RISC Machine (ARM).

Новиот „Кунпенг 920“ процесор е дизајниран да ја забрза обработката на големи збирки податоци и да врши дистрибуирано складирање и „ARM“ специфични сценарија. Хуавеи се приклучува на големите играчи во индустријата на „ARM“ и се вклучи во градењето отворен, кооперативен, заеднички еко-систем кој го доведува светот на денешните компјутери на сосема ново ниво.

Кунпенг  920 е најпродаван серверски „ARM“ процесор. Со користење на најновиот 7nm процес, процесорот е независно дизајниран од Huawei под ARMv8 лиценца за архитектура. Тој значително ги зголеми перформансите и ги оптимизира предиктивните алгоритми, го зголемува бројот на OP блокови и ја подобрува архитектурата на меморијата. На типична фреквенција на „SPECint Benchmark“ тестови, процесорот Кунпенг 920 има резултат од над 930, што е 25% повисоко од индустрискиот репер. Во исто време, енергетската ефикасност е 30% подобра од онаа на другите индустриски решенија. Кунпенг 920 обезбедува многу поголема компјутерска моќ за центри за податоци и ја намалува потрошувачката на енергија.

Девојчиња избегале од градинка на минус 45 – сакале да ги израдуваат родителите (ВИДЕО)

Две петгодишни девојчиња избегаа од градинка во село во Сибир , па завршија во болница со премрзнатини .

За среќа девојчињата преживеале на -45 степени , недоволно облечени , а тргнале да ги израдуваат родителите. Тие решиле да избегаат на најсудениот ден во годината , кога температурата во Јакутск на Сибир била 45 степени под нулата.

Едно од девојчињата не понело ракавици , зашто на видеото се гледа дека ја држи својата омилена играчка. Сега во болницата и ги спасуваат трите измрзнати прстиња.

Мајката Евдокија Кутукова забележала дека го нема девојчето , кога дошла да го земе од градинка. Веднаш забележала дека ја нема ниту нејзината најдобра другарка и ги алармирала нејзините родители.

Набргу се јавил дедото на девојчето и кажал дека таа штотуку влегла дома , целото смрзнато и расплакано. Другото девојче се загубило на патот до дома , а по извесно време  ја нашле во куќа , каде се скрила од студот.

,, Се сетила да побара помош и да влезе во нечија куќа . За среќа нема промрзнатини.” , изјави нејзината мајка.

Астон Мартин со нова лимузина, се произведуваат само 50 примероци

Астон Мартин последниве години едноставно не може да промаши. Новата лимузина е долгоочекуван производ на невообичаена соработка.

Совршениот спој , во чија соработка е направена лимузината го откриова самото име Aston Martin DBS Superleggera TAG Heuer Edition, со што се потврдуваат информациите за успешната заедничка работа.

Познатиот бренд на швајцарски часовници се здружи со производителот на луксузни автомобили. Се планира да се произведат само 50 примероци , а цената би била најмалку 300 000 евра.

Доминантната црна боја е потенцирана со црвени детали на надворешноста и внатрешноста. Моторот е стандарден 5.2 V12  со 725 KS i 900 Nm, а тоа значи од 0-100км/час за 3,4 секунди и максимална брзина од 340 км/час.

Четиричасовна битка на живот и смрт меѓу жирафа и лав (ВИДЕО)

Посетителите на приватниот резерват Класери во Јужноафриканската Република беа шокирани од глетката на борба меѓу лавица и жирафа.

Жирафата со часови одела со лавицата на грбот. Големото животно било нападнато од група лавови , за една лавица да и се качи на грбот , по што почна четиричасовната борба на живот и смрт.

Конечно , жирафата успеала да ја отфрли лавицата , а групата лавови се повлекла и се откажала од ручекот.

притисни ентер