БМВ подготвува одговор на Мерцедес ЦЛА

Предпродукциски БМВ Серија 2 Гран Купе е снимен за време на тест возење на патиштата во Германија.

Зад германскиот автомобилски гигант БМВ е успешна година во која се лансирани неколку нови модели, како што се „ X5,“ Серија 8 Купе. Кабриолет, голем СУВ „ X8“ и на крајот најновата генерација Серија 3.

Меѓу новите автомобили кои се очекува да дебитираат во 2019 година се и БВМ Серија 2 Гран Купе.

Иако БМВ има во својата понуда сличен модел Серија 1 Седан, оваа мала лимузина се продава само во неколку делови од светот, како Кина и Мексико. За разлика од овој автомобил, моделот Серија 2 Гран Купе е замислен како глобален модел кој ќе им биде достапен на голем број купувачи од целиот свет.

Воедно овој модел на БМВ е одговор на моделот на Мерцедес ЦЛА, чија втора генерација треба да се појави деновиве.

Според информациите Серија 2 Гран Купе е поставена на механичка платформа со погон на предните тркала, но ќе има понуда и како верзија „X Drive“ со погон на сите четири тркала.

Се шпекулира дека високо перформираната М235и варијанта би требало да има 2,0 литарски турбо бензинец од преку 300 коњски сили.

Според фотографиите лесно може да се зак

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за 4,6 милијарди евра до 2030 година

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за речиси 54 милијарди круни (4,6 милијарди евра) до 2030 година за да ја зајакне противвоздушната одбрана и да го зголеми бројот на регрути, препорача Комитетот за одбрана на шведскиот Парламент.

Комитетот, составен од претставници на осум парламентарни партии, наведува дека членството во НАТО и сериозната безбедносна состојба бараат поголеми амбиции. Шведска стана членка на НАТО минатиот месец, напуштајќи ја децениската политика на воена неутралност по руската инвазија врз Украина.

Напад врз Шведска или врз нашите сојузници не може да се исклучи, истакна Комитетот во денеска објавениот извештај.

Во документот, иста така се истакнува дека шведската противвоздушна одбрана мора да се прошири за да одговори на заканите со беспилотни летала, оти треба да се набават повеќе крстосувачки ракети, а морнарицата треба да добие повеќе персонал. Исто така, се предлага постепено зголемување на бројот на регрути од сегашните 8.000 на 12.000 до 2032 година. /МИА

притисни ентер