Инстаграм на крајот на годината да воведе измени на својот изглед и на главната страница на која се прегледуваат новите објави. Наместо скролање горе/доле , воведоа листање низ објавите , лево/десно.
Тоа значи дека класичните објави на Инстаграм ќе се прегледуваат како на Инстаграм Стори со тапкање или листање. На дел од корисниците не им се допаѓа новиот стил на оваа социјална мрежа и бараат да се врати ,,старото” прегледување на објавите.
,,Ова не е добар начин да влезете во 2019 “ , ,,Ви благодарам што ми го уништивте животот” , се само некои од негативните коментари.
Некои од корисниците се уште не го добиле новиот апдејт , така што најверојатно тоа ќе се случи до крајот на денов.