Претставени кумот и здравичарот за Бадник 2019

 Сопственик на фирмата „Белина" Љупче Николовски и резбар, потомок од познатата мијачка тајфа Мирчевци и инструктор по пливање Миливое Алексиевски, познат како Миле Сирма се новите кум и здравичар за Бадник 2019 година.

Кумот Николовски е бизнисмен, споственик на фирмата „Белина", кој работи со градежни материјали и снабдување на големи фирми и посветен Вински витез, а здравичарот, 85-годишниот Миле Сирма е резбар, потомок од познатата мијачка тајфа Мирчевци и тренер и инструктор по пливање.

-Правиме скопска традиција и ќе ја правиме додека можеме ние и сите други што ќе не наследат, рече Мојсо Мојсовски, член на Одборот за традиционална прослава на Бадник.

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ во негово и во име на општината им честиташе на кумот и на здравичарот и на целиот Бадникарски Одбор и им посака на сите здравје и среќа да ги служи во иднината која претстои.

Традиционално, на 23 декември, претпоследната недела во декември, скопските Бадникари ќе ги собираат бадниковите гранчиња на месноста Краста на падините на Водно, што на 6 јануари со години им ги делат на скопјани, на свеченоста на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски" во пресрет на Божиќ.

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

притисни ентер