Адријана Лима најдобро знае како се носи мал црн фустан (фото)

Бразилската манекенка Адријана Лима пред две недели за последен пат прошета по пистата на Викторија сикрет.

После 20 години кариера како Ангел на Викторија, Адријана Лима се одлучи да се “пензионира“. Медиумите ја објавија оваа вест како крај на една ера во светот на моделингот бидејќи Бразилката беше една од најпрепознатливите лица на овој бренд. За неа изјавуаат дека била “најголема од сите ангели“.

Foto: Getty

Лима се појави на еден настан во Мајами за кој одбра модна комбинација која никогаш не излегува од мода – мал црн фустан, кој го комбинираше со црни салонки, а целата комбинација ја оживеа со сребрен појас околу струкот.
foto: Getty

Гламурозниот изглед го зачини со природна шминка и коса залижана наназад.

Манекенката е мајката на две ќерки, 8 годишната Валентина и 6 годишната Сиена, кои ги доби во бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ.

Турчин ја предизвикал сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ

Сообраќајната несреќа во која загинаа пејачот Шабан Шаулиќ и музичарот Мирсад Кериќ , ја предизвикал Турчин , а не Германец , како што гласеа првичните информации.

35 – годишниот Турчин , Алсин Левент , кој живеел во местото Гитерсло ја предизвикал сообраќајната несреќа на автопатот во Германија.

Тој во алкохолизирана состојба со автомобил Мазда 6 се забил во автомобилот во кој како совозач се возел легендарниот пејач .

Левент , како што пишуваат српските медиуми , не е во притвор , туку е во болница , каде се опоравува од повредите , под постојана контрола на полицијата.

Премногу забава или нов моден хит – Што се случува со Малани Грифит?

Славната актерка ги збуни фановите со новиот детал на челото.

Мелани Грифит (61) вчера е снимена како излегува од еден познат ресторан во Холивуд , а сите забележаа дека има светкав детал . Некогашната секс бомба носеше светкав детал на лицето , на кое воопшто немаше шминка.

 На челото светкаше срце , кое многумина го протолкуваа на различни начини. Дали имала забава или намерно сакала нешто да порача , не е познато.

Најголемиот број таблоиди пишуваат дека актерката изгледа изморено , најверојатно како резултат на лошите естетски корекции и ракот на кожата , од кои е оперирана два пати.

Георгина на Роналдо не штеди – спие во пижами од 2 700 евра

Георгина Родригез , долгогодишната девојка на фудбалњерот Роналдо , знае да потроши богатство на дизајнирана облека.

Георгина се пофали на Инстаграм со пижамите на Луј Витон , кои чинат 2 700 евра. Пижамата е дел од најновата колекција , а може и секој дел да се купи посебно. Долниот дел чини 1 400 , а горниот 1 300 евра.

Сепак , Георгина може да си дозволи ваков луксуз , зашто Роналдо потпиша договор за Јувентус со плата од 4,7 милиони евра.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Buenas n🌓ches ✨

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

,,Добра ноќ“ напиша атрактивната Георгина на објавата на Инстаграм , на што и одговорија стотици фанови и доби илјадници лајкови.

притисни ентер