Утре и задутре во прекин сообраќајот од граничниот премин „Хани Елези" – Качаник

Поради изведување градежни работи на магистралниот пат Скопје – Приштина, поточно од косовскиот граничен премин „Хани Елези" – Качаник, утре и задутре ќе биде во прекин сообраќајот во двата правци за влез и излез од Косово.

Како штѕо соопшти МВР, прекинот во сообраќајот утре ќе биде во периодот од 9:00 до 12:00 часот и од 14:00 до 17:00 часот, а задутре (петок) во времето од 07:00 до 17:00 часот.

ВМРО-ДПМНЕ обележува 29 години од основањето

ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 29 години од формирањето на партијата.

 Централната прослава е вечерва во Македонска филхармонија.

 Повеќе за тоа од извештајот на Игор Манасиевски.

Седница на Централниот одбор на СДСМ во Охрид

Кој ќе биде дел од новото партиско раководство. Реконструкција на владата или враќање на мандатот. СДСМ во Охрид носи одлуки.

Избор на ново партиско раководство, како и заокружување на внатрепартиските промени се прашањата, кои се очекува да доминираат на седницата на централниот одбор на владејачката СДСМ, која почна попладнево во Охрид.

Јулијана Николовска е во Охрид.

Од партијата на Заев најавија низа одлуки. На маса се и неколку опции поврзани со реконструкција на владата или враќање на мандатот.. Кој ќе биде дел од партиското раководство.

Маринов: Апсурдно е да се разговара за средниот век низ призмата на модерните нации

Скоро истите прашања сè уште се дебатираат на едно високо, дури и политичко ниво.

- За мене тоа е навистина, на некаков начин, апсурдно, но ќе видиме по 30 години дали некој ќе се смее на сето тоа, вели бугарскиот историчар Чавдар Маринов во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

притисни ентер