Насилни протести во светската престолнина на гревот (ВИДЕО)

Стотици жители на Тихуана , град на границата меѓу САД и Мексико , излегоа на протести против мигрантите кои пристигна аво нивниот град од неколку земји во Централна и Јужна Америка.

Тие бараат мигрантите да го напуштат градот. Градоначалникот ан Тихуана , Хуан мануел Гастелум рече дека очекува во градот да пристигнат околу 10 000 мигранти , кои потоа би се ипатиле во САД каде сакаат да побараат азил.

Градоначалникот предупредува дека градот не е подготвен за таков мигрантски бран. Зборовите на градоначалникот ги цитираше и американскиот претседател Доналд Трамп. Демонстрантите денеска извикуваа : ,,Тие се окупатори!Вооружени се!Одете си од земјата!” .

Демонстрантите се плашат дека поради бранот мигранти , САД ќе ја затвори границата , со што ќе им наштети на бизнисите во Тихуана , меѓу кои проституцијата , алкохолизмот и шверцот.

Синдикатите ќе испорачаат неколку барања од првомајскиот протест

„На 1 мај во среда, во 11 часот, точно тука од пред зградата на работничкиот дом започнува традиционалниот првомајски протест кој ќе заврши пред Владата, каде што работниците ќе ги испорачаат своите барања.“

Зголемување на минималаната плата од најмалку 450 евра, со која следствено ќе растат и другите плати, враќање на трошоците за превоз и хранарина за работниците, потпишување на колективните договори, работничкиот дом да остане на работниците - се само дел од барањата кои синдикатите в среда ќе ги испорачаат до надлежните. Од ССМ велат работниците очекуваат дел од овие барања да се решат уште во првите 100 дена на новата Влада.

„Минималната плата мора да го следи трендот на минималната плата во регионот, особено поради Отворен Балкан поради моженоста во текот на летото нашите граѓани нашите работници да заминат да градат туѓи економиии во некој други држави. Минималата плата од 450 евра мора да се случи во првите 100 дена од новата Влада. Зборуваме за основни потреби на работниците, зборуваме кога државата планира да увезува работна сила, а за тиа да плаќаат и сметување и храна и превоз и се. - изјави Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Под мотото „Ние работниците“ и оваа, втора година по ред на Сојузот на синдикати и Конфедерацијата на синдикални организации сполтени ќе маршираат по улиците.

„Работниците тоа го очекуваа од нас, синидкатите да покажат сериозен пристап и да се здружат особено за први мај, заедно да ги покажат барањата кои ги очекуваат од политичарите. Ова е чекор кој не се случил во минатото меѓутоа оваа година сите заедно кога ќе тргнеме оттука ќе бида навистина сериозна порака особено на 7 дена пред изборите. “

Синдикатите ги повикаа работниците што помасовно в среда да излезат на улиците и да го искажат своето незадоволство, од како што велат ниските плати, и притисокот за нивната егзистенција поради зголемените трошоци за живот.

НБО: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

Националното биро за осигурување (НБО) соопштува дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување.

Посочуваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека, како што велат, бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени.

-Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто. Истовремено цената за осигурување од автомобилснка одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, соопштуваат од Националното биро за осигурување, истакнувајќи дека цената на осигурување од автоодговорност во Република Македонија е најниска во регионот.

Од НБО посочуваат дека предходната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и велат дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании во оваа класа, делувајќи демотивирачки на понудата на оваа полиса.

-Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании. Финансиските институции имаат обврска да работат по строго дефинирани одржливи параметри, со цел зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Како потсетување, во 2008 година цената на автомобилската одговорност беше намалена за 30 отсто, но, денес условите за работење се променети и неодржливо е за Осигурителните компании да работат со цени на ова ниво, информираат од Националното биро за осигурување.

Ковачевски: Дигитализацијата останува еден од врвните приоритети СДСМ

Ги исполнуваме очекувањата на ИКТ индустријата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска одржа состанок со претседателката на Собранието на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Анета Антова Пешева и со членовите на комората. На средбата се разговараше за економската состојба, за идните мерки за развој на економијата од програмата на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, со пособен фокус на мерките за дигитализација и поддршка на ИКТ компаниите и индустријата.

Ковачевски во изјавата за медиуми рече дека ИКТ индустријата е важна за економскиот развој на државата и и затоа поддршката за оваа индустрија и за дигитализацијата останува еден од приоритетите и во четиригодишната програма на СДСМ. При тоа Ковачевски, посочи дека мерките од програмата на СДСМ и Коалицијата за европска иднина се поколопуваат со очекувањата на МАСИТ како комора која ги обединува компаниите од телекомуникациските и технолошките компании.

Ковачевски рече дека во програмата е планирано формирање на Агенција за дигитализација, која ќе биде отворена и за сите предлози, искуства и знаење на ИКТ индустријата, а планирано е и дигитализирање на процесите во државата во кои што треба да бидат достапни на најбрз начин за граѓаните. На средбата како кажа Ковачевски, се разговарало и за измени на Законот за работни односи, за да може да се воведат новини кои ќе бидат согласно тековните случувања во областа на дигитализацијата, особено во делот на работењето од дома и достапноста на технологиите за работниците на различните места освен на работното место.

Во следните четири години како што посочи Ковачевски ќе се стави силен фокус на дигитализацијата и на информатичко – комуникациските услуги преку формирање на е-бизниси и форамирање на посебна комисија во Собранието на Република Северна Македонија, која ќе биде исклучиво за дигитализација и на која што ќе се разговара за теми за вештачка интелегенција, дигитализација, а во која освен политичките партии ќе учествуваат и претставници на МАСИТ и други стопански комори, како и компаниите кои се водечки во развојот на ИКТ индустријата.

„Ние како Влада во измиантиот мандат имавме одлична соработка со МАСИТ во делот на поддршката на компаниите ги изедначивме македонските и странските компании, бидејќи во минатото само странските компании беа тие кои што беа во можност да добијат државна помош. Сега сите компании се изедначени. Македонските компании ја искористија таа можност во делот на развојот на нови услуги и работни процеси и технолиогиии, преку користење на таква помош. Веќе има неколку од нив кои го зголемија своето работење и производите кои ги произведуваат, како и бројот на вработените и својот обрт.Сите политики во иднина ќе бидат токму во оваа насока“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

притисни ентер