Почина сопственикот на автомобилот со најголема мината километража

Во 77 година од животот почина Ирв Гордон , сопственик на Волво , кое минало неверојатни 5 000 000 километри , што е најголема забележана километража.

Ирв Гордон со својот класичен Volvo P1800 стекна светска слава кога на 18 септември 2013 влезе во Гинисовата книга на рекорди . Поточно , во книгата влезе неговиот автомобил , кој со минати три милиони милји е прогласен за автомобил со најголема километража.Ирв во меѓувреме од фабриката Волво доби како подарок 780 Coupe и нешто помалку атрактивни C70 и XC60 .

Во мај годинава Ирв со своето старо Волво извози 3,2 милиони милји , односно нешто повеќе од 5 милиони километри. Тој со Волвото ги пропатувал сите држави во САД , освен Хаваи.

Веста за смртта на Ирв ја објави страницата на Волво , а тој починал додека возел низ Кина.  

Кои автомобили им се најомилени на британските крадци ?

Кај нас најомилен автомобил на крадците им е Фолксваген , додека британските сопственици на автомобили се плашат за своите Фордови.

Минатогодишното полициско истражување покажало дека најкраден автомобил во Британија бил хечбегот Форд Фокус. Минатата година во Британија биле украдени 1 952 автомобили Форд , од кои 530 биле Фокуси , а приближно толку крадени биле и Фиести со 508 украдени автомобили.

Втор бренд по ,,популарност “ меѓу крадците е Vauxhall, име под кое Опел ги продава автомобилите во Британија со 909 украдени. На трето место е Фолксваген со 466 кражби.

Од моделите на Опел најкрадени се Астра и Корса со 344 односно 306 визила . Голфовите се на меѓу нив со украдени 340 возила.

Овие резултати одговараат на продажбата на автомобили во Британија , зашто најпопуларни возила меѓу британсјките потрошувачи биле токму Фиеста , Фолф, Корса и Астра.

Ферари ги запре трамваите и автобусите во центарот на Загреб- останал без бензин (ВИДЕО)

На социјалните мрежи во Хрватска е објавено видео од скапо Ферари како го блокира целиот сообраќај во центарот на Загреб.

Новото Ферари застана на крстосница во центарот на загреб , така што не можеа да минуваат тролејбуси и автобуси , како и автомобили.

Патниците со негодување и сочни коментари чекаа сопственикот на автомобилот да отиде до првата бензинска станица за да наполни бензин и да тргне автомобилот.

Додека го полнеше Ферарито со бензин од канистер , се собраа и пешаци околу него , кои им се приклучија на патниците од трамвајот. На нивните коментари се надоврзаа и оние на социјалните мрежи , откако беше објавено видеото од инцидентот.

Приказната за момчето кое учи под бандера , зашто родителите немаа да платат за струја , доби среќен крај (ВИДЕО)

Снимката на 11- годишниот Виктор Мартин Ангуло Кордоба од Перу , кој учи под бандера зашто неговите родители немаат пари да платат струја , допре до душите на милиони луѓе низ светот.

Приказната за малото момче од Перу стигна и до 31- годишниот бизнисмен и филантроп од Бахреин , Јагуб Јусуф Ахмед Мубарак. Откако ја слушнал приказната Мубарак решил да замине во Перу и да му помогне на момчето.

Мубарак ја надградил и куќата во која живеел Виктор и сега има два ката. На мајката на Виктор и помогнал да отвори сопствен бизнис , а локалните власти ги поттикнал финансиски да го уредат училиштето.

Милионерот открил дека и самиот потекнува од бедно семејство , па затоа се надева на светла иднина за Виктор.

Мајката на Виктор уште е во шок и не може да сфати како за нивната сиромаштија дознал некој од арапска земја и од друг континент. Потегот на Мубарак , пак , наиде на големи пофалби и верба дека сепак има добрина кај луѓето.

притисни ентер