Фото: Новата „викендичка“ од 26 милиони долари на Бијонсе и Џеј Зи

Една од најмоќните брачни двојки во светскиот шоу бизнис, пејачката Бијонсе и продуцентот Џеј Зи се почести со луксузна недвиѓнина во познатото летувалиште Хемптсон.

По купувањето на вилата на Бел Ер за неверојатни 88 милиони долар, Бијонсе и Џеј Зи одлучиле да купат куќа и на Источниот брег на САД.

За  луксузната  вила позната под името Понд Хаус, Бијонсе и Џеј Зи платиле околу 26 милиони долари.

Куќата се простира на имот од 10 ари.

Специфичноста на оваа екстравагантна куќа се состои во распоредот и ориентацијата на средишниот дела на куќата. Претходниот власник ја реновирал внатрешноста така што го ротирал ентериерот за 90 степени и на тој начин куќата ја свртел кон запад и езерото Џорџика.  

Самата куќа лежи на два ари и има седум спални соби и девет бањи.

Езерото Џорџика е на само 60 метри оддалеченост од оваа неверојатна вила.

Куќата поседува и неколку камини вградени според скици од 18 век во стилот на Луј 15.

Сторија на Канал 5: По седум години, светна домот на Бојана

По цели седум години темнина и живот со свеќи и батерија во вечерните часови, конечно светлина во станот на Бојана Колева.

На нејзиното лице се појави насмевка,  што и се врати довербата во најтешкото време во нејзиниот живот, некој помислил на неа и помогнал да живее нормален живот.

Бојана и ЕВН склучија договор големиот долг да го плаќа на рати и плус она што ќе потроши со новото вклучување на струја во нејзинот дом.

Од ЕВН велат дека креираат услуги и процедури со цел да се надминат проблемите кои ги имаат корисниците како Бојана.

„Корисниците се заведени со соодветни броеви и ЕВН нема увид дали одреден корисник е социјален случај поточно дали имаат или не доволно средства. Согласно овие процедури се надминуваат одредени недоразбирања со корисниците“, велат од ЕВН во писменото соопштение.

Таа внимателна, раскажува зимата е долга и мора да биде внимателна со потрошувачката на струја за да не направи нови големи долгови. Парното греење се уште не работи поради долгови. Бојана секој ден добива оброк од кетеринг фирма, која по сторијата на Канал 5 реши да и помогне. Таа работи, но примањата се недоволни за да ги покрие долговите.

 Некогашната студентка по психологија верува дека постепено ќе ги среди долговите наследени од починатите родители и ќе има нов и подобар живот.

Фото: Ќерката на Анџелина и Бред, се помалку личи на девојче!?

Ќерката на разведените холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, 12- годишната Шајло Нувел се помалку личи на девојче, таа од домашните бара да и се обраќаат во машки род.?!

Инаку, Бред и Анџелина по разводот никако не успеваат да се договорот околу старателството на нивните шест деца: Најверојатно последниот збор ќе го има судот. Во очекување на првото рочиште мама Анџелина го минува времето во друштво на своите деца. Холивудската убавица е фотографирана во друштво на нивните три биолошки деца.

Шајло Нувел која е родена во 2006 година е најстарата ќерка на славниот пар . Таа отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста и медиумите поради тоа што уште од две години е  воспитувана и чувана  како момче. По последните фотки на Шајло многумина  констатирале дека таа се повеќе личи на момче.

За 12- годишната ќерка на Бред и Анџелина  велат дека уште од мала сакала да се облекува како момче и инсистирала домашните да и се обраќаат во машки род. Како минуваат годините таа се повеќе личи на момче, што поради кратката коса, што поради машката облека која ја носи. Уште еднаш е потврдено дека нејзината желба не била само детски хир.

Шајло и мама Анџелина се шетаа заедно со близнаците Нокс и Вивиен кои Бред и Анџелина ги добија во 2008 година.  

Најголемото богатство од средновековна Јапонија пронајдено во близина на Токио

На локалитетот на кој се наоѓала резиденцијата на еден самурај од 15 век, во близина на Токио, пронајден е керамички сад со големи димензии.

Во него се наоѓале 260.000 парчиња метални кованици исковани во Кина.

Толкава количина на метални кованици значајно ја надминуваат вкупната сума на пари кои биле во оптек во тој регион, изјавил археологот Јошијуки Такисе, пренесува американскиот магазин „Ахеолоџи“.

Пронајдените кованици, воедно, претставуваат и една од најголемите приватни ризници од тој период.

Japanese feudal jug found to contain 260,000 coins

притисни ентер