Илон Маск објави видео од ,,вознемирувачко долгиот” тунел под Лос Анџелес (ВИДЕО)

Илон Маск на својот Твитер профил објави снимка од моменталната состојба на изградбата на подземниот тунел под Лос Анџелес.

Милијардерот објави дека тунелот е ,,вознемирувачки долг”. Според американсктие медиуми ,с е добива впечаток дека главниот извршен директор на компанијата Боринг , која го гради тунелот не е сигурен дали градбата ќе ја исполни својата задача- да обезбеди брзо подземно патување. Маск изјави неодамна дека тунелот ќе биде готов до крајот на годинава .

Тој минал низ тунелот во саботата и своето искуство во патувањето низ 4 километри долгиот тунел го опишал како ,,вознемирувачки долг”.

Првиот дел од тунелот , што го претстави Маск во видеото долго 34 секунди , на 10 декември ќе биде отворен за пешаци и за велосипедисти.

Скокнал пијан од 11 кат на крузер за да има лајкови (ВИДЕО)

Ник Најдев има доживотна  забрана да се качи на крузер , откако скокна од 11 кат на бродот во море.

27 годишниот Ник Најдев од Ванкувер , во американската држава Вашингтон има доживотна забрана за патување со крузер на Royal Caribbean. Тој со пријателите крстарел по Бахамите , кога наеднаш решил да скокне во морето од височина од 37 метри. Откако скокнал на Инстаграм го објавил видеото , кое го снимале пријателите.

Од морето го собрале во чамец и му наредиле веднаш да се спакува и да го напушти бродот. Ник во коментарите напишал дека бил уште пијан од претходната ноќ кога решил да скокне.

,,Кога се отрезнив, многу ме болеше грбот. Три дена едвај одев , а не можев ниту да спијам од болки.” напишал Најдев.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Full send. (Check out my channel, link in bio)

A post shared by Nick Naydev (@naydev91) on

Во коментарите многу луѓе го нарекоа идиот , а видеото за само еден ден доби над 290 илјади отворања.

Од компанијата Royal Caribbean соопштуваат дека освен доживотната забрана за патување , размислуваат и да го тужат Најдев.

Карлеуша му се заканувала на сопругот со самоубиство?

Јелена Карлеуша се врати од Кина поради деловни обврски во Србија , а во земјата и регионот аферата со порно фотографиите не запира.

Карлеуша на снимањето на музичкото шоу ,,Ѕвездите на Гранд” , каде е член ан жирото , беше прашана за аферата , но не даде изјава. Во меѓувреме во Србија се  повеќе се шират гласините дека таа ќес е разведе од фудбалерот Душко Тошиќ. Дури се наведуваат и датуми.

Според српските таблоиди , карлеуша на сопругот му се заканила со самоубиство.

,,Карлеуша отиде во Кина за да го прослави роденденот на Душко, но тоа е само маска за јавност. Тие се договориле засега да останат заедно , додека не се смири аферата со Огњен Врањеш. Претходно таа била хистерична пред него , се заканила дека ќе се убие , по што помалку комуницирале, иако пред децата се правеле дека се е во ред.” изјавил неименуван извор за српскиот таблоид Курир.

Кинескиот научник , кој создаде ГМО бебиња , доби отказ и обвинение

Кинескиот научник кој ги созаде првите генетски модифицирани бебиња на светот, сериозно ги прекршил државните прописи во Кина.

Според кинеските медиуми , а врз основа на резултатите на влладината истрага кинескиот научник Хе Џианкуи и неговите соработници ги менувале гените на ембрионите , а потоа ги всадиле во матка на волонтеркаи . Една од нив , во ноември роди близначки , а друга е бремена. Истрагата потврди дека научникот ангажирал осум двојки и експериментот резултирал со две бремености. Истрагата наведува дека близначките Лулу и Нана се под докторски надзор. Се наведува дека научникот го направил овој експеримент за да дојде до пари и слава , но и дека сам го финансирал , со што се ослободува неговиот универзитет од кривична одговорност.

Научникот направи генетски модифицирани бебиња , кои ќе бидат имуни на ХИВ вирусот, со кој биле заразени нивните татковци. Тој користел метода , која за светските научници не е прикладна да се користи за експерименти на луѓе. Светската научна јавност и натаму полемизира за етичките норми прекршени со овој експеримент.

Неговиот универзитет во Шенжен го суспендира , а кинеските власти покренаа кривична истрага. Цело време додека трае истрагата , научникот е затворен во просториите на лабораторијата и го чува обезбедување.

Денеска универзитетската управа соопшти дека го прекинува договорот со научникот , како и неговите предавања и истражувачките активности. Во исто време кинеските власти објавија дека Хе Џианкуи и неговите соработници ќе одговараат кривично за зериозни прекршувања на законот.

Научникот Џианкуи се школувал на престижниот американски универзитет Стенфорд и се вратил во 2012 во Кина , каде ја основал лабораторијата за генетика на универзитетот во Шенжен.

Во февруари 2018 зема неплатен одмор и с епосветува на експериментот со генетски модификувани човечки ембриони.

притисни ентер