Ахмети по повод 11 Октомври повикува Македонија да го заокружи патот кон ЕУ и НАТО

Нашите денешни напори се само продолжение на напорите на нашите предци кои се построија на исправната страна на историјата и победија.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во денешната честитка по повод 11 Октомври порачува дека Македонија сега има неповторлива можност да ја продолжи посветеноста на своите предци и да го заврши заедничкиот долг и макотрпниот пат кон интеграцијата во НАТО и Европската унија.  

- Нашите денешни напори се само продолжение на напорите на нашите предци кои се построија на исправната страна на историјата и победија. Храброста и жртвувањето на паднатите борци и ветераните треба да ни послужи како патоказ за денешните одлуки зашто пред нашата генерација стои важна одлука за тие што ќе дојдат по нас, стои во честитката. 

Според него, заедничките напори, тие пред 77 години и овие денес, секогаш победуваат зашто го претставуваат правиот пат, патот на единството, слободата, мирот, безбедноста и стабилноста, како и добрите меѓуетнички односи.

- Во духот на историските заеднички напори за слобода да дејствуваме заеднички за мирна, стабилна и сигурна иднина, со храброст, визија и одлучност за иднината на нашите генерации, апелира Ахмети.

Пет милиони долари казна за адвокатот на порно актерката , која имаше афера со Трамп

Адвокатот на Сторми Даниелс , порно актерката која имала афера со претседателот на САД , треба да плати казна од 4,85 милиони долари.

Судот во Калифорнија денеска донесе одлука адвокатот на порно актерката Сторми Даниелс , Мајкл Авенати , да плати 4,85 милиони долари казна на адвокат од неговата поранешна канцеларија. Инаку , Авенати најави дека би можел да се кандидира на следните претседателски избори во САД во 2020. Тој треба да плати казна поради тоа што пријавувал помала заработувачка .

Судијата нареди дека адвокатот мора да ги исплати парите на својот поранешен колега , кој го пријавил , зашто адвокатската фирма лажела за приходите и на тој начин изгубил милиони.

Оваа пресуда е само дополнување на износот од 10 милиони долари , колку што судот во мај определи дека Авенати треба да исплати за прикривање приходи.

Авенати и беше адвокат на порно актерката , која го тужи претседателот за тоа дека ја натерал да земе 130 000 долари и да молчи за врската за време на претседателската кампања во 2016.  

Мицкоски ги разреши Јанчев и Костадинов од сите партиски функции

Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци, потврди за „Фокус" дека на вечерашниот Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, е разрешен од функцијата потпретседател на партијата.

Тој најави оти утре ќе излезе со детали и официјална изјава за настанот.

И членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Костадин Богданов во изјава за „Фокус" потврди дека вечерва е разрешен од партиската функција.

– Јас не сум присутен на седницата на Централниот комитет, но претставници кои се таму ме инфомираа дека сум разрешен. Едноставно имаме спротиставени визии со Претседателот за патот по кој треба да се движи партијата и развива државата. Разликите особено дојдоа до израз во последните неколку месеци кога се актуелизира Договорот од Преспа. Според мене, тоа беше, но и се уште е, моментот во кој партијата требаше јасно и конкретно да ја покаже својата евроатлантска заложба. Јас длабоко верувам дека Македонија ќе биде просперитетна држава, членка на НАТО и ЕУ преку Договорот од Преспа. Истовремено, се залагам и ќе се залагам за модерна народна партија во која неистомилениците нема да се исклучуваат од партијата, изјави Богданов. /МИА

Трамп го укинува признавањето на трансродни лица

Администрацијата на Доналд Трамп наскоро ќе го дефинира половиот идентитет , според половите органи кои човекот ги има при раѓање.

Со тоа нема да може да се дефинираат трансродните лица . Американското министерство за здравство предлага утврдување на правна дефиниција на половиот идентитет.

,,Полот го одредува статусот на личноста како машки или женски , според непроменети биолошки особености , кои се идентификуваат во тек на раѓањето или пред тоа.” , се наведува во предлог дефиницијата .

,,Полот што е наведен во изводот од раѓање на личноста мора да претставува дефинитивен доказ за полот на личноста , освен ако не се поништат сигурните генетски докази.” се дополнува во предлогот до кој дојдоа американските медиуми .

Од јануари 2017 со доаѓањето во белата куќа , претседателот Трамп воведе низа измени на мерки кои се однесуваа на заштита на трансродните и на ЛГБТ лицата.

притисни ентер