По последната остра порака од ЕПП која и се закани на најголемата опозициска партија во земјава може да биде практично исклучена од семејството европски народни партии поради, како што велат блокадата на евроатланските интеграции на Македонија.
Со апел за разум се јави и заменикот шеф на пратеничката група на ЦДУ во Бундестагот, Јохан Вадефул. Тој за Дојче Веле кажа дека ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сакаат земјата да е интегрирана во ЕУ и НАТО, ќе треба да гласаат за уставните измени, во спротивно ќе втурна Македонија во неизвесна иднина.
- Но, од наш агол погледнато, Македонија е дел од евроатлантската заедница и не веруваме дека во блиска иднина има друга алтернатива, освен онаа која сега е најдена. Затоа, дури и ако за опозицијата е тоа тешко, нашата препорака гласи - да се оди по тој пат и да му се даде поддршка на договорот со тоа што за тоа ќе се гласа и во парламентот. Мислам дека ваква шанса нема да се создаде повторно толку бргу.
Од тоа што се случуваше синоќа во собранието може да се заклучи дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на декларираниот став, дека договорот со Грција за нив е мртов и дека нема да го поддржат во собранието.
Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, пак смета дека идејата да се бојкотира референдумот била погрешна. Вели, ВМРО-ДПМНЕ не ја одиграла вистинската улога во процесот, за што впрочем говорат и критиките од страна на шефот на ЕПП, Жозеф Дол, кој изрази разочараност од неконстурктивноста на ВМРО-ДПМНЕ. Рангелова во интервју откри дека по гласањето била изложена на невиден притисок, омаловажувања, понижувања и закани по животот. Во меѓувреме премиерот Заев верува дека уставните измени ќе поминато во собранието со поддршка и на пратениците од опозицијата.
Инаку, веќе во понеделник ќе заседаваат Европските народни парии, каде се очекува да биде испратена уште една, можеби последна порака до ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи договорот меѓу Македонија и Грција.