Фото: Пенелопе Круз е новата девојка на Шанел!!

Шпанската актерка Пенелопе Круз е нова муза на францускиот моден бренд Шанел!

„Жешката“ актерка официјално стана Шанел девојка!

Модната куќа која ја води славниот Карл Лагерферд направи серија извонредни црно бели фотографии на кои убавата Круз ја преставува новата колекција на Шанел за 2018 /2019 година.

Стартуваше акцијата „нула глад“

Убаво е кога некој ќе помисли на другиот, дали има денеска да јаде, раскажува Нашиде Јашар од како го зема пакетот со храна. 

 Семејството на Нашиде брои осум луѓе, живеат од социјална помош. За нив најважно е да има храна, барем еднаш дневно да јадат возрасните, а децата и два пати. За нив се друго е луксуз во животот.

Нашиде со уште стотина семејства денеска  пред просторите на ЈП „Паркинзи на општина Центар“  земаа пакети донирани од страна на фирмите,  во организација на градоначалникот на Центар Богдановиќ и Здружението „Банка за храна“ во акцијата “Нула Глад“.

Нашиде седна да одмори и од болеста и од маките, изгубила многу добивала малку. „Но никогаш не ја изгубив насмевката“, вели 60 годишната Нашиде.

Оваа акција има интерес да се преземе и во другите градови со апел никој да не остане гладен и во Македонија да има „Нула Глад“. 

„Турнирот на медиуми 2018“, познати полуфиналистите

По третиот ден на „Турнирот во мал фудбал на медиумите 2018“, во организација на Спортското радио 90,3  познати се четирите учесници во полуфиналето.

Во денешните последни натпревари по групи  Канал 5 ја совлада ТВ Шења со 4:1, 1 ТВ беше подобра од Сител со 2:1 и Алфа го победи тимот на МТВ 2 со 2:0.

Познати се екипите кои ќе играат во денешните ½ финални средби . Според распоредот попладбнево по 17 часот ќе играат МРТВ – МТВ 2, а од 17.40 часот Спортско радио 90,3 против екипата на АЛФАТВ.

Денес се играат уште неколку ревијални натпревари меѓу „петлињата“ од неколку фудбалски школи од СКопје , но вечерва по 18 часот ќе играат и ОУ од неколку општини од Скопје.

Натпреварите се играат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, а влезот е слободен.

Фото: „Жешката Алекс

Како да и се одолеа на преубавата Алекс Фалон??

Алекс е обична девојка од Лос Анџелес која одлично знае како да го привлече вниманието на мажите, но секако и припадничките на женскиот пол.

Одговорот е во провокативните фотки.

притисни ентер