Градоначалникот на Загреб гаѓан со јајца , исвиркан и со скршен автомобил (ВИДЕО)

По синоќешната престрелка со калашникови пред училиште во Загреб, денеска граѓаните го нападнаа градоначалникот Милан Бандиќ.

Градоначалникот Бандиќ беше нападнат во дворот на училиштето , каде синоќа родителите и децата спасуваа жива глава во претсрелката на две лица со калашникови на улицата пред училиштето.

За среќа во престрелката во која биле испукани најмалку 30 куршуми и настанала поради семејна кавга на две ромски семејства , нема повредени .

Уништени се неколку возила и преплашени се жителите на населбата , а најмногу учениците и нивните родители , кои биле на првата линија на рафалот во училишниот двор .

Денеска Бандиќ беше исвиркан од гневните родители и соседи , беше гаѓан со јајца , а кога сакаше да си замине , виде дека автомобилот му е искршен.

Министерот Хасан на работна средба со Стопанската комора на Јалова

Министерот без ресор Елвин Хасан беше во Турција на работна средба со Стопанската комора на Јалова.

Новите економски политики и подобрената бизнис клима во земјата што е привлечна и за домашни и за странски инвеститори, беа во фокусот на средбите што министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан ги оствари со претставници на Стопанската комора во турскиот град Јалова.

Министерот Хасан на претставниците на Комората им ги презентираше новите измени на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, кои беа усвоени со цел да се подобрат условите за деловно работење и да се зголемат инвестициите со што ќе се поттикне економскиот раст на македонската економија, соопшти неговиот Кабинет.

На средбата исто така се дискутирало и за актуелни прашања и предизвици во поглед на бизнисот и инвестициите, а министерот Хасан ги покани претставниците на Стопанската комора да ја посетат нашата земја, да го увидат нејзиниот потенцијал и ги охрабри да инвестираат во Македонија.

Во рамки на посетата, министерот имаше и работни средби со градоначалникот на Јалова, Вефа Салман и со гувернерот на округот Јалова, Муамер Ерол.

На средбите се разговараше за актуелните регионални случувања, можноста за проширување и продлабочување на соработката помеѓу Турција и Македонија, а воедно беше изразено и задоволство за добрите пријателски односи од двете страни, стои во соопштението. /МИА

Катица Јанева дојде во СЈО

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која даде оставка на функцијата, денеска се појави во просториите на Специјалното јавно обвинителство.

Нема информации зошто Јанева дошла во СЈО. Таа од минатиот вторник беше на боледување, откако во понеделникот си даде оставка на функцијата. Од тогаш не беше достапна за јавноста.

Јанева се поврзува со случајот „Рекет" поради што и беше одземен телефонот и даден на вештачење. Јавното обвинителство соопшти дека вчера бил пронајден и одземен и вториот нејзин телефон за кој се тврдеше дека е загубен. Пронајден е кај лице кое изјавило дека му бил даден на подарок. /МИА

Трамп: Кинескиот претседател Си Џинпинг се однесува „многу одговорно”

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти кинескиот претседател Си Џинпинг се однесува „многу одговорно”.

Во врска со протестите во Хонг Конг, почнати заради предложениот закон за екстрадиција што ќе овозможи жителите на автономниот регион да бидат испорачувани на судење во Кина.

-Во моментов работиме на трговските договори. Ќе видиме што ќе се случи, рече американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа, пред средбата со пакистанскиот премиер Имран Кан.

Хонг Конг веќе два месеца е средиште на понекогаш насилни протести, Што е најголема криза откако Британците во 1997 година и го вратија овој град на Кина.

притисни ентер