Лазаров: Сакаме да создадеме млади квалитетни ракометари

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров е убеден дека работата со младите ќе даде резултат. 

Следната недела стартува втората сезона од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“, која ќе биде проширена во три нови општини.

- Наша цел е да бидеме инкубатор на млади квалитетни ракометари , отворени сме за соработка со сите клубови во кои еден ден ќе играат нашите деца. Не случајно школите се отвораат и во рурални средини, бидејќи никој не знае дали во некое од тие места е роден и живее некој иден врвен ракометар, кој работејќи дисциплинирано и посветено еден ден ќе ја почувствува тежината, одговорноста и обврската кон македонското знаме гордо носејќи го репрезентативниот дрес, вели Лазаров.

Играчот на Нант својата мисија „Ракомет за секое дете“ преку отворање на школи низ Македонија ја започна официјално пред една година. До сега се отворени школи во 11 места на сите страни на земјава во кои тренираат преку 500 деца, момчињата и девојчињата родени 2006/07 и помали поделени се во групи во зависност од возраста и познавањето на ракометот.

Од оваа сезона школата на Лазаров ќе започне со работа во Делчево, Кисела Вода и Битола. /МИА

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите

Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот.

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство.

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година.

притисни ентер