Субвенции за над 500 еколошки возила во Хрватска

Фирмите во Храватска конкурираат на државен оглас за субвенции на 506 еколошки возила на алтернативен погон.

На конкурсот , објавен на 20 јуни , до сега пристигнале барања од над 200 компании од Хрватска. Од нов 127 комапнии ќе добијат субвенции во износ од над милион и 750 илјади евра за набавка на 506 возила. Суфинасирањето е одобрено за 286 електрични велосипеди , 122 автомобили, 29 возила од Н1 категорија со погон на компресиран природен гас или течен природен гас и 69 возила од Л категорија .

Од хрватскиот Фонд за заштита на животната средина сметаат дека со овој начин на субвенционирање ќе се поттикне и купувањето на електрични возила за лична употреба. Во 2017 биле регистрирани 277 автомобили на електричен погон , а се смета дека годинава бројката ќе биде двојно поголема.

На повикот на државата за субвенционирана набавка на приватни автомобили во 2015 имало огромен интерес , така што во Фондот само за еден ден стигнале над 1 000 меилови со барање за државна помош при набавка на автомобил на алтернативен тип енергија.

Тогаш буџетот изнесувал 1,8 милиони евра , а биле одобрени средства за 224 електрични велосипеди , 133 автомобили, едно хибридно возило , како и 56 мотори на електрична енергија.

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев - одбележана 121 годишнина

Владина делегација ја одбележа 121 годишнина од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода.

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова со положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ја одбележа 121 годишнина од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода.

Пред саркофагот на великанот се поклонија и му оддадоа почит и Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и делегациите на Собранието, на Армијата, на Сојузот на борците, на дипломатскиот кор, на политичките партии како и други почитувачи на делото на Гоце Делчев.

Денес се сеќаваме на големото дело на Гоце Делчев како срцевина на македонската револуционерна и интелектуална борба за македонска држава која е еднаква за сите. Тој се бореше и го положи својот живот за слободна и независна Македонија, неговите идеали и заложби се наша заедничка обврска да продолжиме да градиме демократска и економски напредна земја. Вечен останува споменот на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, соопштуваат од Владата.

Лукаревска: Почит на ликот и делото на Гоце Делчев, неговиот аманет е и за идните генерации

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица 3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеска даде изјава за медиуми во која што посочи дека СДСМ оддава почит на ликот и делото на великанот Гоце Делчев.

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица 3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеска даде изјава за медиуми во која што посочи дека СДСМ оддава почит на ликот и делото на великанот Гоце Делчев, а неговиот аманет е за сегашните и за идните генерации.

„Денеска оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев. Неговиот аманет е и за сегашните и за идните генерации. Делчев е симбол на единството и државотворноста, се борел за слободна и просперитетна држава. Ние сме тие коишто неговиот аманет ќе треба да го продолжиме во иднина“, рече Лукаревска, се наведува во партиското соопштение.

Сиљановска-Давкова положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас

Кандидатката за претседател на Република Македонија, Проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.

Утринава, кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова оддаде почит кон ликот и делото на апостолот на Македонската револуционерна борба, Гоце Делчев со положување на цвеќе на неговиот гробот во црквата Св. Спас на Скопоското Кале.

Во прилог Ви ги пренесуваме личните ставови на проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова во однос на делото на Гоце Делчев:

Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев . Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја фалсификува македонската историјата во која нема место за Гоце, Даме, Јане, Питу и сите други кои ги удриле темелите на македонската држава.

Денот на смртта на Делчев не потсетува колкава е жртвата на нашите претци кои ги дале своите животи за ние да живееме во своја држава. Истовремено овој ден паметник е можност да оставиме аманет на идните генерации да ја продолжат борбата за македонска држава која никогаш не запира. Македонија е како куќа, ако не ја одржувате таа ќе се руинира, затоа треба да ги поправаме или менуваме расипаните делови за куќата наречена Македонија да биде функционална и удобна за сите.

Немаме против и други да го слават Гоце Делчев затоа што тој бил човек кој има вредност за сите луѓе и кои се почитуваат себе си, своите идеали и во случајот со Гоце, својот македонски народ. Она што очекуваме од сите што го слават да го прифатат фактот што неговиот сон да биде закопан во независна македонска држава е остварен со помош на бугарската држава која во 1946 година помогна да се пренесат посмртните останки на Гоце во неговиот вечен дом овде во Свети Спас, сопоштуваат од тимот на Сиљановска- Давкова.

притисни ентер