Германец исчезнал во поплавите во Франција (ВИДЕО)

Над 1600 лица се евакуирани , а еден Германец исчезнал од кампот , однесен од надојдените води .

Најголем број од евакуираните се кампери на југот на Франција . Во поплавите исчезнал 70 годишен Германец , кој се грижел за децата во кампот. Во кампот Сен Жулијен де Перола имало 119 деца , а Германецот ги чувал , кога наеднаш надошла водата . децата се качиле на дрвјата , а мажот се скрил во неговото камп возило, кое го однела надојдената вода .

Но , полицијата по неколку часа го нашла возилото празно и распарчено . Во спасувањето на камперите се вклучени над 400 пожарникари и полицајци , како и четири хеликоптери. Поплавите и силните врнежи од дожд доаѓаат по топлотниот бран што ја зафати речиси цела Европа.

За 24 часа во регионот наврнале над 80 милиметри воден талог. Според министерот за внатрешни работи , во шест региони е прогласен црвен аларм за поплави , а 17 000 домови се без електричана енергија во југозападниот и североисточниот дел на земјата.

Локалните власти јавуваат дека десетина луѓе биле задржани во болница поради хипотермија и помали повреди.

Умерено облачно, попладне пад на температурата

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. 

Кон крајот на денот и преку ноќта под влијание на студен и брз продор од север ќе има зголемување на облачноста проследено со слаби врнежи од дожд, а на планините од слаб снег.

Попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, локално со брзина и над 100 километри на час, што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата.

Минималната темпертаура ќе се движи од 0 до 9, а максималната од 15 до 23 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува силен северозападен ветер. Преку ноќта ќе има слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде 5 , а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Во текот на утрешниот ден се уште ќе дува засилен северен ветер и ќе биде студено, но сончево. В петок и за време на викендот ќе преовладува суво време со студени утра, а дневните температури значително ќе се зголемат. /МИА

Французин им објави војна на властите – ги отстранува бариерите од клупите

28-годишен Французин им објави војна на локалните власти во градот Лион, откако одлучи да ги отстранува бариерите поставени на клупите за да се спречат бездомниците да можат да лежат и да преспиваат на нив.

Момчето, кое за Еуроњуз, не сакало да го објави својот идентитет, објасни дека за таквата постапка веќе завршило на суд.

Тој бил обвинет за кражба, но бил ослободен откако објаснил дека железните делови на клупите ги отстранувал за да истакне социјален проблем и гест на солидарност.

Тој смета дека е иронично со пари на граѓаните да се ограничуваат луѓето да имаат пристап до јавната сопственост и ги отфрла тврдењата на властите дека железните структури всушност се потпирачи за раце.

Проценките се дека во Франција има повеќе од милион бездомници.

Телото на Кашоги било распарчено, а лицето деформирано

Телото на убиениот новинар Џамал Кашоги пронајдено е во градината на резиденцијата на саудискиот конзулат во Истанбул, тврдат неименувани извори за „Скај њуз“.

Еден од извори за „Скај њуз“ тврди дека телото на Кашоги е “распарчено“, а лицето му е целосно “деформирано“.

Претходно денеска, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во обраќањето пред парламентот објави дека телото на убиениот новинар се уште не е пронајдено и побара од Саудиска Арабија да открие каде тоа се наоѓа.

„Зошто телото на некого, за кого и официјално е потврдено дека е убиено, се уште не е пронајдено?“ – изјавил во своето обраќање Ердоган.

„Скај њуз“ потсетува дека засега нема нови информации за наводните аудио-снимки кои се посед на турските власти, а кои наводно докажуваат дека Кашоги бил мачен, убиен, а дека потоа му биле отсечени прстите, а телото распарчено.

Телото на Кашоги пронајдено е во бунарот на територијата на резиденцијата на генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, изјавил претходно за „Спутник“ лидерот на турската партија Ватан, Догу Перинчек.

притисни ентер