Адеми ја повика дијаспората да се пријави за остварување на гласачкото право на референдумот

Министерот за дијаспора Едмонд Адеми ја повикува дијаспората до 23 август 2018 година да се пријави за остварување на гласачкото право на престојниот референдум на веб страницата на Државната изборна комисија 

,,Почитувани сонародници во дијаспората, Собранието на Република Македонија, на 30 јули 2018 година, врз основа на постигнатиот Договор меѓу Република Македонија и Република Грција, донесе Одлука за распишување референдум што ќе се одржи на 30 септември 2018 година, на кој граѓаните ќе одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.  Граѓаните на Република Македонија кои живеат и работат во дијаспората ќе можат да го остварат своето гласачко право во сите дипломатско-конзуларни претставништа на Република Македонија во светот. Увидот може да се изврши и преку интернет страницата на Државната изборна комисија https://izbirackispisok.gov.mk/dijaspora/, се вели во јавниот повик од Адеми до дијаспората.

Вие, се потенцира, одлучувате, дали Република Македонија ќе биде членка на Европската унија (ЕУ) и НАТО, со прифаќање на договорот со Република Грција.

- Ова е време за одлука, а твојот глас одлучува за иднината на нашата земја! Имаме граѓанска одговорност да донесеме правилна одлука, да излеземе и со нашиот глас да придонесеме кон заедничка, подобра иднина. Сплотени, со здружени сили, заедно можеме да ја обезбедиме иднината на нашите деца. Одлуката зависи исклучиво од нас самите, наша е одговорноста, се потенцира во повикот од Адеми до дијаспората. 

Французин им објави војна на властите – ги отстранува бариерите од клупите

28-годишен Французин им објави војна на локалните власти во градот Лион, откако одлучи да ги отстранува бариерите поставени на клупите за да се спречат бездомниците да можат да лежат и да преспиваат на нив.

Момчето, кое за Еуроњуз, не сакало да го објави својот идентитет, објасни дека за таквата постапка веќе завршило на суд.

Тој бил обвинет за кражба, но бил ослободен откако објаснил дека железните делови на клупите ги отстранувал за да истакне социјален проблем и гест на солидарност.

Тој смета дека е иронично со пари на граѓаните да се ограничуваат луѓето да имаат пристап до јавната сопственост и ги отфрла тврдењата на властите дека железните структури всушност се потпирачи за раце.

Проценките се дека во Франција има повеќе од милион бездомници.

Телото на Кашоги било распарчено, а лицето деформирано

Телото на убиениот новинар Џамал Кашоги пронајдено е во градината на резиденцијата на саудискиот конзулат во Истанбул, тврдат неименувани извори за „Скај њуз“.

Еден од извори за „Скај њуз“ тврди дека телото на Кашоги е “распарчено“, а лицето му е целосно “деформирано“.

Претходно денеска, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во обраќањето пред парламентот објави дека телото на убиениот новинар се уште не е пронајдено и побара од Саудиска Арабија да открие каде тоа се наоѓа.

„Зошто телото на некого, за кого и официјално е потврдено дека е убиено, се уште не е пронајдено?“ – изјавил во своето обраќање Ердоган.

„Скај њуз“ потсетува дека засега нема нови информации за наводните аудио-снимки кои се посед на турските власти, а кои наводно докажуваат дека Кашоги бил мачен, убиен, а дека потоа му биле отсечени прстите, а телото распарчено.

Телото на Кашоги пронајдено е во бунарот на територијата на резиденцијата на генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, изјавил претходно за „Спутник“ лидерот на турската партија Ватан, Догу Перинчек.

Секретарката на Владата на Германија на удар на критики поради скапоцениот часовник

Политичарката на германската Социјалдемократска партија (SDP) Савзан Чебли (40) и државна секретарка на берлинската влада се најде на удар на жестоки критики.

Таа се најде на удар на критики поради носењето на часовник од марката „ролекс“, вреден околу 7.300 евра.

Минатиот викенд корисник на Фејсбук објави нејзина слика од 2014 година, на која носи луксузен часовник модел „Datejust 36” со коментар: Се што треба да знаеме за состојбата на социјалдемократијата во Германија во 2018“.

Савзан Чебли, која како државен секретар во берлинската влада прима бруто месечна плата од 8900 евра, посебно се залага за интеграцијата на бегалците, па се поставува прашањето дали поради тоа не смее да носи таков часовник.

На интернет веднаш започна расправа, а на крајот Савзан Чебли упати порака до критичарите.

„Кој од вас што сеете омраза живеел со 12 браќа и сестри во две соби, спиел и јадел на под, сечел дрва за викендите? Кој со месеци чекал на дрвени боички? Мене никој не треба да ми објаснува што е сиромаштија“ – напишала таа.

Савзан Чебли е дете бегалец од Палестина. Во 1948 година родителите избегале во Либан, каде скоро 20 години живееле во бегалски камп.

Подоцна татко и заминал за Германија, а потоа ја довел и сопругата и децата.

Родена е 1978 година во Берлин, каде живее од социјална помош и донации. Иако нејзиниот татко се до смртта нема научено германски, Савзан завршила основно училиште, матурирала и завршила политички науки. Дури на 15 години добила германски пасош.

притисни ентер