Нападнат автобус со деца- најмалку 29 загинати (Вознемирувачко видео)

Најмалку 29 деца загинаа во воздушен напад врз автобус на северот на Јемен.

Податоците за загинатите ги пренесе Црвениот крст , додека локалните медиуми јавуваат дека во воздушниот напад во преполн пазар , низ кој минувал автобусот, загинале најмалку 43 лица , а над 60 се повредени.

Во автобусот имало деца , но и неколку возрасни . Коалицијата , предводена од Саудиска Арабија , која стои зад нападот соопштила дека станува збор за легитимна воена акција во градот каде живеат Хути , кои се одговорни за вчерашниот ракетен напад врз саудискиот град Џизан.

Според Црвениот крст , воениот напад е извршен врз автобус , кој превезувал деца и во болницата биле примени 29 тела на помлади од 15 години . Во нападот , според истите информации , биле повредени 48 лица , од кои 30 деца.  

Димитриев: Одлука за претседателскиот кандидат ќе донесат делегатите на Конвенцијата

-Секој има право да се кандидира. ВМРО-ДПМНЕ ќе организира конвенција, и за тоа ќе одлучат кандидатите.

 Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев не сакаше да коментира дали ја поддржува кандидатирата на неговиот колега, пратеникот Влатко Ѓорчев, за претседател на  Република Македонија, потенцирајќи дека за тоа ќе одлучуваат партиските органи. Она што можам да го кажам, нагласи, е дека јас нема да се кандидирам.

-Секој има право да се кандидира. ВМРО-ДПМНЕ ќе организира конвенција, и за тоа ќе одлучат кандидатите. Јас не планирам да се кандидирам, барем за тоа можам да ви дадам конкретен одговор, рече Димитриев одговарајќи на новинарско прашање по средбата на експертот од ЕУ Маурицио Варанезе и претставник од Одделот надлежен за Македонија од ЕК Клое Лаурен Динсдел со членовите на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинска управа и Министерство за одбрана.

Запрашан дали партијата се подготвува и за парламентарни избори, освен за претседателски, Димитриев одговори потврдно, потенцирајќи дека партијата и побарала нивно одржување и дека очекува оти тие ќе се случат заедно со претседателските.

Пратеникот и член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев вчера  најави дека ќе се пријави на партискиот оглас за претседателски кандидат. Денеска поддршка за кандидатурата доби од својот колега пратеникот Антонио Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за избор на претседателски кандидати. Рокот за пријавување на огласот трае до крајот на месецов. Кандидатот за претседател на опозицијата ќе биде избран на 16 јануари на партиска конвенција во Струга.

Богдановиќ: Продолжува финансиската поддршка за двете читални

 Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска ја посети читалната „Славко Јаневски", каде донираше околу 100 нови книги.

– Сакам уште еднаш да потенцирам дека читалните не ги затвораме, како што имаше шпекулации во јавноста. Општина Центар не само што ќе продолжи финансиски да ги поддржува, туку и понатаму ќе работиме на збогатување на книжевниот фонд, изјави Богдановиќ.

Богдановиќ денешната прилика ја искористи и за да подели нови членски карти од читалните на дел од учениците од училиштето „Гоце Делчев" за да тие и во иднина ги користат нивните услуги. 

Бесплатно соборање е-отпад во општина Аеродром

Општина Аеродром и  „Нула отпад" од денеска почнуваат нов начин на собирање електричен и електронски отпад од домаќинствата.

Жителите на Општина Аеродром имаат можност да го користат бесплатниот сервис за собирање е-отпад директно од домовите. Сѐ што треба да направат е да пријават на телефонската еколинија 070/236-000 дека поседуваат електронски или електричен отпад, како што се стари телевизори, машини за перење, бојлери или мали уреди за домаќинство.

– Го поддржуваме овој нов начин на собирање електронски отпад бидејќи тој е еден од најопасните загадувачи. Со собирањето електронски отпад директно од домовите им помагаме на граѓаните на едноставен и бесплатен начин да се ослободат од опасниот отпад, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на Ппштина Аеродром Златко Марин. Посочи дека ваквите акции имаат големо значење како дел од мерките за заштита на животната средина.

Според досегашното искуство, кај граѓаните постои голем интерес за ваков тип акции, со кои на лесен и едноставен начин се ослободуваат од големи габаритни неисправни уреди за што инаку би требало самите да организираат соодветно и правилно депонирање.

Претставничката на „Нула отпад" Александра Пановска-Илиевска рече дека на граѓаните им се овозможува да се ослободат од овој опасен и многу често канцероген отпад и оти тие на ваков начин ќе ја избегнат казната од 60 евра предвидена за фрлање отпадна опрема од домаќинствата заедно со комуналниот отпад. 

притисни ентер