Бред Пит : Анџелина е манипулатор

Славниот актер Бред Пит ги демантира изјавите на неговата поранешна сопруга , Анџелина Џоли дека не плаќал алиментација.

Откако Анџелина Џоли го обвини својот поранешен сопруг дека не ја плаќа догворената висина на алиментацијата , се јавија адвокатите на Бред Пит , кои рекоа дека исплатиле над девет милиони на Џоли . Од тие пари актерката купила куќа и ги платила заостанатите сметки, тврдат адвокатите. Од адвокатскиот тим на Бред Пит наведуваат  и дека Анџелина намерно прави драма и се служи со валкани трикови .

Адвокатите во документот што му го предале на судот навеле дека Пит на Анџелина и позајмил 8 милиони долари за да купи вила , а за алиментација и исплатил 1,3 милиони долари. Анџелина се обратила претходно до судот со намера да го антера поранешниот сопруг да ги исплати заостанатите алиментации , бидејќи како што навела , не исплатил значајна сума.

Иако поминаа две години од кога се разделија , најпознатата двојка се уште формално не е разведена . Разделбата ја покрена Анџелина Џоли , која побара развод поради ненадминливи разлики .

Откриен потонат брод стар повеќе од 2.400 години во Црното море (видео)

Тим на нуркачи –поморски археолози, научници и истражувачи го откриле, како што се верува, најстариот потонат брод на светот – трговски брод од стара Грција, чиј облик досега е виден само како украс на древните керамички предмети.

Археолозите кои го истражуваат Црното море, соопштија дека бродот бил пронајден во близина на бугарскиот брег, на длабочина од дури 2000 метри, во услови без кислород, благодарејќи на кои древниот брод опстанал до денес.

Со анализа на радиоактивниот јаглерод диоксид од примероците земени од бродот, експертите утврдиле дека бродот е стар повеќе од 2.400 години.

Поморски археолози три години ја истражувале областа, користејќи технологија која претходно била достапна главно на нафтените компании.

Групата открила 60 остатоци од бродови, меѓу нив еден брод од козачката флота од 17 век и еден трговски брод од стар Рим со амфори на него.

 

Некогашната Мис на светот сака да изгледа како познатата старлета? (фото)

Актерката Пријанка Чопра, мис на светот за 2000 година, не му одолеа на новиот тренд кој ја “полуде“ и најпознатата старлета Ким Кардашијан.

На забава во Лос Анѓелес во Лас Вегас убавата Индијка се појави со нова фризура, која повеќе фанови ги потсети на Ким Кардашијан.

Пријанка отсекогаш имала средна должина на косата па долгата рамна коса беше вистинско изненадување за сите.

Ниту аутфитот не заостануваше зад тој на Ким, па убавата мисица се одлучи за светликав мини фустан со корсет.

Колку овие две жени личат една на друга можевме да видиме на забавата која ја организираше „Tiffany&Co” каде беа фотографирани заедно за време на гала вечерта.

Foto: Getty

“Безглаво чудовиште“: На дното на океанот пронајдено необично суштество (видео)

Вакво суштество никогаш не е видено во овој дел од светот, тврдат австралиските истражувачи.

Во водите на Јужниот океан забележана е фасцинантна видео снимка од необично морско суштество за кое подоцна е утврдено дека станува збор за видот морска краставица „Enypaniates eximia”.

Ова суштество кое многумина ги потсети на “безглаво пиле“ првобитно го доби прекарот “чудовиште“, а забележано е како плива околу брегот на источниот Антарктик, што е прв пат да биде забележан овој вид во оваа подрачје.

„Снимките од камерите ве оставаат без здив, вклучувајќи вид кој никогаш претходно го немаме видено во овој дел од светот“ – изјавил доктор Дирк Велсфорд, од програмата на Австралиската антарктичка дивизија.

Суштеството има облик на буре, додека телото во целост е транспарентно. Најмногу време поминува на дното на океанот.

Морската краставица, претходно е видена само на едно место, во Мексиканскиот залив во 1984 година.

 

притисни ентер