Заев: Русија да биде свесна дека Македонија нема алтернатива освен ЕУ и НАТО

Македонија сака соработка со Русија, но нема алтернатива освен ЕУ и НАТО, одговори премиерот Заев на реакцијата од руската амбасада која ја оцени како политички неодговорна.

Македонија сака соработка со Русија, но нема алтернатива освен ЕУ и НАТО, одговори премиерот Заев на реакцијата од руската амбасада која ја оцени како политички неодговорна, неговата изјава дека проруски бизнисмени ги финансирале протестите против промена на името.

Владата не само што сака да ја потврди соработката со Руската федерација, туку сака и да ја унапреди изјави Заев.

– Јас само коментирам факти и изјави што допреле до мене од извештаите кои ги знам, со конечна цел да се прекине пријателството кое го градиме. Притоа знаат сите, треба да знае и Руската Федерација дека нема алтернатива за Република Македонија освен полноправното членство во ЕУ и НАТО. Ние остануваме да блескаме во аспектот на градење на пријателството со сите. Ние сме мала земја со пријатели, без непријателства секако имаме поголеми шанси за нашите перспективи. Тоа го докажавме со соседите, тоа го правиме насекаде во ЕУ со земјите членки во НАТО, сакаме да го правиме и со сите земји во светот, изјави Заев.

Во реакцијата руската амбасада синоќа порача оти очекува македонските власти да спроведат детална и објективна истрага и да се презентираат реални факти, а не конструкциии, оценувајќи ги како контрапродуктивни обидите за заплашување на граѓаните со како што се наведува измислена руска закана.

За време на самитот на НАТО минатата недела, Грција протера двајца руски дипломати токму поради сомневање дека потплаќале грчките службеници и монаси да работат против договорот за името.

Македонските власти најавија дека нема да се дозволи да се премине границите, и оти Македонија нема да дозволи црногорско сценарио.

Во меѓувреме Грчкиот бизнисмен Иван Савидис, ја негираше информацијата објавена во некои медиуми, дека на навивачи и опозициски лидери во Македонија им дал 300.000 евра за организација на протести против Договорот за името со Грција и пристапување во НАТО сојузот.

Неговата компанија ,,Dimera Group”, наведува дека станува збор за најобична клевета која ќе заврши со тужба.

Савидис поседува дел од солунското пристаниште негов е и клубот ПАОК, а поголемиот дел од животот го минал во Русија каде бил и пратеник на партијата на Путин –Единствена Русија.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер