Бибер: „Ќе имаме стабилен брак“

Светската музичка ѕвезда Џастин Бибер се сврши со својата убава девојка манекенката Хејли Болдвин.

Познатиот татко на манекенката Хајли, актерот Стивен Болдвин за свршувачката  на својата ќерка напиша и на Твитер, но многу брзо потоа постото беше избришан.

Потоа популарниот пејач одлучи да ги потврди шпекулациите на американските таблоиди и со пост на својот Инстаграм да покаже колку е среќен поради свршувачката со Хејли.

„Сакав да почекам некое време и ништо да не зборувам,Но, како веста започна да патува низ светот. Хејлиииии силно со вљубен во тебе. Многу сакам да го запознам секој дел од тебе. Ќе те сакам внимателно и трпеливо. Ветувам дека нашето семејство ќе го водам со достоинство и гордост. Моето срце е твое и секогаш ќе му бидеш на првото место..Ти си љубовта на мојот живот.Хејли Болдвин живото не сакам да го минам сам со себе. Ме правиш подобар и по комплетен, напиша меѓу другото Џастин Бибер покрај фотката на која се тој и Хејли.

 

Was gonna wait a while to say anything but word travels fast, listen plain and simple Hailey I am soooo in love with everything about you! So committed to spending my life getting to know every single part of you loving you patiently and kindLY. I promise to lead our family with honor and integrity letting Jesus through his Holy Spirit guide us in everything we do and every decision we make. My heart is COMPLETELY and FULLY YOURS and I will ALWAYS put you first! You are the love of my life Hailey Baldwin and I wouldn’t want to spend it with anybody else. You make me so much better and we compliment eachother so well!! Can’t wait for the best season of life yet!. It’s funny because now with you everything seems to make sense! The thing I am most excited for is that my little brother and sister get to see another healthy stable marriage and look for the same!!! Gods timing really is literally perfect, we got engaged on the seventh day of the seventh month, the number seven is the number of spiritual perfection, it’s true GOOGLE IT! Isn’t that nuts? By the way I didn’t plan that, anyways My goodness does feel good to have our future secured! WERE GONNA BE BETTER AT 70 BABY HERE WE GO! “He who finds a wife finds a good thing and obtains FAVOR from the Lord!” This is the year of favor!!!!

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

По изјавата на Џастин преку социјалните мрежи се обрати и неговата идна сопруга Хејли.

-Не сум сигурна со што заслужив толку многу среќа во живото, но сум му благодарна на Бога што ми подари ваква неверојатна личност со која ќе го делам живото. Немам зборови да ја искажам својата благодарност, напиша Хејли.

Амбер Херд: Бев подготвена да се откажам од сè, немав веќе сили

Амбер Херд позираше за насловната страница на последното издание на магазинот Shape, и во интервјуто за истиот открива дека силните жени ја спасиле кога таа повеќе не можела да се носи со насилството во нејзиниот личен живот. 

Со овие зборови, Амбер го опиша нејзиниот комплициран, бурен и прилично краток брак со холивудската ѕвезда Џони Деп.

Таа тврди дека по тешкотиите во нејзините лични односи, нејзините колешки се оние кои  ѝ го подигнале нејзиното мислење: “Добив поддршка од силни жени кои стоеја покрај мене кога бев подготвена да се откажам од сè”.

Таа додаде: “Ми требаа луѓе на кои можев да сметам за да го надминам сето ова вознемирување …”

32-годишната русокоса, која во моментов го рекламира својот нов филм “Аквамен”, многу  е благодарна за непоколебливата женска поддршка, која ја има добиено во последниве години.

Витката Амбер раскажуваше и дека се потпира на балансирана исхрана и редовни вежби, но според неа најважно е човек да ужива полн живот. 

„Ако не се радувате на животот, нема смисла да се храните на одреден начин, нема смисла да работите и воопшто да правите што и да било”, вели таа.

Јапонски пилот возел пијан и тоа не му било прв пат

Откако еден пилот на „Јапан ерлајнс“ е уапсен поради тоа што пијан ги пренесувал патниците, оваа компанија се обидува со сите сили да и објасни на јавноста дека патниците во нејзините авиони се целосно безбедни.

Овој пилот дури 20 пати имал повисоко ниво на алкохол од дозволеното во крвта. Пилотот, Куцотоши Јуцикава, уапсен е на аеродромот Хитроу минатиот месец, пред да се качи на лет за Токио. Тогаш било откриено дека имал 189 милиграми алкохол на 100 милиграми крв во својот систем.

Вечерта пред тоа наводно ја поминал пиејќи вино и неколку пива. Куцотоши (42) се изјаснил како виновен за пречекорување на границата на алкохол во судот Уксбриџ на 1 ноември. Во крвта имал скоро 10 пати повеќе алкохол од она што е дозволено во Велика Британија.

Од авиокомпанијата соопштиле дека ќе воведат најригорозни мерки и на пилотите нема да им биде дозволено да пијат алкохол 24 часа пред летот, наместо 12 часа како досега. Ќе воведат и редовни и задолжителнио алко тестови.

Инаку, според законот во Јапонија не е задолжително пилотите да направат алко тест, туку тоа е оставено на авиокомпаниите самите да одредат во која мерка ќе ги извршуваат.

Како резултат на тоа, осум од 25 авиокомпании во државата не ги проверуваат пилотите, додека 12 користат едноставни уреди.

Меѓутоа, овој случај би можел да го поттикне министерството за сообраќај да воведе задолжително тестирање на пилотите, нагласил Маиничи Шимбун.

Некогашниот шеф на оваа компанија Исеи Хидешима изјавил дека неопходно е да им се остави на пилотите доволно време да одморат меѓу летовите, бидејќи многу од нив пијат алкохол, за малку да се ослободат од стресот.

„Воведувањето на построги правила не е доволно“ – изјавил тој.

Откриена измамата во која се собрани 400 000 долари од хумани луѓе

Американците , кои покренаа кампања преку социјалните мрежи за собирање помош за бездомник и собраа 400 000 долари , се обвинети за измама.

Кејт МкКлур и Марк Д’Амико собрале над 400 000 долари за бездомникот и поранешен маринец Џони Бабит. Но , тој во август покрена тужба против нив тврдејќи дека не му ги дале парите. Сега истрагата утврдила дека и самиот Бабит е вклучен во измамата. Целата акција е базирана врз лаг , смета обвинителството.

Бескуќникот Бобит сега е во притвор , а другите двајца се пупштени со кауција за да се бранат од слобода. Судењето почнува на 24 ноември.

Приказната, која трогна илјадници Американци е дека бездомникот и ги дал последните 20 долари на Кејт за да си го поправи автомобилот , бидејќи се нашла во невоља.

Над 14 000 луѓе донирале пари за бездомникот , а целата приказна била всушност голема лага и договор меѓу тројцата обвинети.

притисни ентер