Британскиот министер за надворешни работи поднесе оставка

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон поднесе оставка.

Тоа е трета оставка во британската влада за помалку од 24 часа.

Премиерката Тереза Меј за новинарите изјави дека постојат несогласувања во нејзината влада околу Брегзит, а Џонсон после консултациите со пријателите и партнерите, одлучил да поднесе оставка.

„Денеска попладне, премиерката ја прифати оставката на Борис Џонсон на местото министер за надворешни работи. Наскоро ќе биде објавено кој ќе го замени“ - пишува во соопштението на канцеларијата на премиерката Тереза Меј.

Премиерката му се заблагодарила на Џонсон на неговата работа, се наведува во соопштението.

Прв пат по десет години и во Лас Вегас падна снег (ВИДЕО)

И во Лас Вегас , каде температурата ретко паѓа по 10 степени , денеска паѓа снег.

Прв пат по повеќе од еесет години падна снег во Лас Вегас . Според метеоролозите , снегот го донел студен воздушен бран , формиран на мала височина.

Предвидуваат дека во среда ќе има нови врнежи од снег во Лас Вегас.

„Само Вистина“ со Агим Јонуз и Страшо Ангеловски

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа  Агим Јонуз и Страшо Ангеловски

Ангеловски за писмото од Коневски до Мицкоски: Бидејќи искрено ме интересираат сериозни работи немам време да читам несериозни обраќања на членови на политичка партија.

Јонуз: Секој кој мисли дека има некој кој ќе почне демонтажа на нелегитимната власт е апсурд. Било кој да победи тоа ќе биде плод на исценирана работа или однапред договорена.

Јонуз: Процесот е конструктивен бидејќи за прв пат границите еднаш засекогаш се обезбедени на Република Македонија.  Сите елементи на кои темели спротивната опција кон која клони и Ангеловски се апсурд.

Ангеловски: Не знам дали се лажете себеси или ја лажете целата јавност. Албанците во 1991 го бојкотираа референдумот.

Јонуз: Среќен сум конечно зашто по 27 години државата фати курс во правец  и што нема повеќе да се занимаваме со војводи со Гоце Делчев и Скендербег.

Ангеловски: Зошто ви пречи нашето македонско минато. Зошто со цинизам зборувате за нашите револуционери и за херој на македонскиот народ.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само вистина"

Поранешната израелска шефица на дипломатијата со солзи се прости од политиката (ВИДЕО)

,,Мирот стана нечист збор, а демократијата е во опасност” , рече низ солзи израелскиот политички ветеран , поранешната шефица на дипломатијата, Ципи Ливни .

Поранешниот преговарач со Палестина , позната по своите умерени ставови, стана позната откако учествуваше во преговорите под покровителство на САД , но во 2014 тие пропаднаа.

,,Ја напуштам политиката , но нема да дозволам Израел да ја напушти надежта за мир.” , рече низ солзи Ливни на прес конференцијата во Тел Авив.

Таа го критикуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху во врска со истрагата на државните агенции против него и неговите напади врз медиумите.

Според анкетите , на изборите на 4 април , партијата на Ливни , хатнуа , нема да освои ниту едно место во Парламентот.

притисни ентер