Масовна средба на лица со телесен инвалидитет

Седма масовна средба на лица со телесен инвалидитет ќе се одржи денеска во дворот на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ во Скопје, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.

Се очекува на средбата да бидат присутни повеќе од 300 лица со телесен инвалидитет од целата држава.

Масовната средба се организира под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“. Под тема на средбата се активностите за измена и дополнување на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала.

Главен покровител на „Масовната средба 2018“ е Центарот за ортотика и протетика „Славеј“, кој ќе го обезбеди и организира просторот во нивниот двор, заедно со тематските и забавните содржини. Град Скопје го обезбедува автобускиот превоз на учесниците од внатрешноста на Македонија, а Мобилност Македонија од средствата од Министерството за труд и социјална политика за спроведување на програмските активности за 2018 година го обезбедува превозот со автомобили и комбиња за лица кои не можат да користат автобуски превоз или немаат организиран автобуски превоз. /МИА

СДСМ: Обезбедуваме повеќе пари за граѓаните, раст на платите, социјална праведност

Со предлог Буџетот за 2019 година изготвен од Владата предводена од СДСМ, обезбедуваме повеќе пари за граѓаните, економски раст, повисоки плати и подобра живејачка за сите граѓани.

Платите ќе растат во сите сектори.

Во образованието, здравството, судството, полицијата, детските градинки и јавната администрација, предвидено е зголемување на платите од пет отсто, додека докторите специјалисти ќе добиваат плати зголемени за 10 отсто.

Во 2019 година се очекува забрзување на растот на Бруто домашниот производ на 3.2 отсто, кадешто позитивен придонес врз растот е предвидено да имаат домашната побарувачка, извозот и капиталните инвестиции.

Невработеноста ќе опаѓа преку пакетот активни мерки за вработување – вреден 1.1 милијарда денари, што е историски највисок износ, со што се очекува стапката на невработеност да се намали на околу 20 отсто.

Со посветена и домаќинска работа, владата предводена од СДСМ продолжува да обезбедува повеќе пари и подобар живот за граѓаните.

Остануваме посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат повисоки плати, економски раст, мотивирани работници, професионални институции, нови инвестиции и работни места и повисок животен стандард. /МИА

Пронајдена аргентинската подморница која исчезна пред една година

Остатоците од аргентинската подморница Сан Хуан која исчезна на 15 ноември 2017 година со 44 членови на екипажот лоцирани се синоќа на дно на Атлантикот по долгото исчекување на семејсвата на морнарите.

Аргентинското Министерство за одрбана соопшти дека со пребарување со помош на мини подморница, АРА Сан Хуан е лоциран на длабочина од 800 метри.

Аргентинските власти пред службеното објаснување имале средба со семејствата на жртвите во хотелот Мар дел Плата каде се сместени со месеци.

Од крајот на 2017 година бродови и авиони и далечински управувани подморници од 13 држави залудно се обидуваа да ја лоцираат подморницата.

„Вечерње новости“ тврди: Со 15 милиони долари “валкани пари“ Приштина го купува членството во Интерпол

Приштинските власти обезбедиле 15 милиони долари „валкани пари“ од шверц на дрога и мигранти за купување гласови за влез на Косово на претстојното ГС на Интерпол, објави српскиот весник Вечерње новости.

Весникот нагласува дека „до тој фрапантен податок дошле српските разузнавачки служби чии оперативни информации покажуваат дека во оваа перфидна акција вклучени се западни држави, предводени од САД, но и генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток“.

Како што се наведува, „приштинската администрација на претставниците на држави чија поддршка ја очекуваат им купиле луксузни автомобили и скапоцени часовници“.

Новисти пишуваат дека главен спонзор на кампањата е Вашингтон. Собранието на Интерпол почнува в недела во Дубаи. Се очекува Холандија и Франција да дадат поддршка за Приштина.

притисни ентер