Редизајнираните возила стигнаа и во Европските салони . Надворешноста е стилски изменета со различна маска на ладилникот , на фаровите со нови лед светла и лед светла за магла , како и на браникот со поинакви отвори за воздух. Купувачите може да изберат и една од 13 бои со две нови нијанси Jucaro Beige i Sunset Orange. Зголемена е и понудата на алу фелни со шест нови дизајнерски решенија во димензии од 16 и 19 инчи.
BMW од серијата 2 Active Tourer и Gran Tourer за 2018. Се опремени со BMW ConnectedDrive систем и најновата генерација iDriveмултимедијален систем со навигација , гласовни команди и унапреден интерфејс.
За прв пат во моделите од серијата 2 Active Tourer и Gran Tourer се достапни и со автоматизиран седмобрзински менувач со двојно квачило , а седмиот степен ан пренос овозможува економичност во возењето на долги патувања по автопат.
Покрај овој менувач, и натаму на располагање се шестобрзинскиот мануелен и осмостепениот автоматски. Вкупната комбинирана сила изнесува 224 кс , а максималниот момент на обрт 385 Nm.