Барак и Мишел Обама стануваат филмски продуценти

Поранешниот претседател на САД и неговата сопруга стануваат продуценти на ,,Netflix” .

Барак и Мишел Обама потпишаа повеќегодишен договор со компанијата ,,Netflix” и ќе бидат продуценти на одделни филмови и серии . Според договорот брачниот пар ќе улествува во снимањето и продуцирањето на идните проекти на компанијата.

Брачната двојка Обама ќе имаат опција да бидат продуценти и на документарни филмови на ,,Netflix” .

Швајцарија забрани три германски дизел – возила

Швајцарските власти од утре не дозволуваат регистрација на одредени модели дизел автомобили на Мерцедес и Порше.

Поради преголеми емисии на штетни материи , во Швајцарија нема да се дозволи возење на одредени видови дизел автомобили. Забранети се Mercedes Vito и СУВ моделите на Porsche и тоа Cayenne и  Macan со дизел мотори.

Според швајцарската агенција за патишта , овие автомобили повеќе ја загадуваат животната средина , отколку што тоа го навеле производителите во официјалната документација.

Забраната стапува на сила утре , 17 август, и се однесува на  Mercedes Vito со 1,6 литарки дизел агрегат , потоа за Porsche Macan со 3,0 литарски V6 дизел мотор и уште посилниот Cayenne со 4,2 литарски V8 дизел мотор.

Овие три модели нама да може да се регистрираат во Швајцарија , а веќе регистрираните возила и натаму ќе може да се возат низ земјата под услов да ги прилагодат емисиите на штетни гасови со локалните стандарди.

Двата модели на Porsche веќе нес е произведуваат во дизел верзија , така што забраната се однесува на постари модели .

Не смее да излезе на улица , а го пропатувала светот

Американката Џеки Кени страда од агорафобија , страв од отворен простор , но од секогаш сакала да го пропатува светот.

Иако Џеки речиси и да не излегува од дома, успеала во намерата. Таа направила фантастични фотографии од целиот свет што ги објавува на Инстаграм. Оригиналноста на оваа жена е во тоа што фотографиите ги слика со помош на Google Street View. На овој алтернативен начин на виртуелно патување ги гледа сцените што во живо и се недостапни.

,,Можностите на Google Street View ме одушевија. Почнав да кликам на картата и да стигнам во земји како Монголија , Сенегал или Чиле. Ги пропатував далечните градови , видов прекрасни архитектонски бисери и анонимни луѓе застанати во времето. Почнав да правам скриншотови да ги забележам преубавите моменти од овој паралелен свет .”, вели жената која не излегува од дома.

Освен на Инстаграм , Џеки продава лимитирани колекции на маици со принтови , а средствата од нив го наменила за истражување на агорафобијата.

Успешна гимнастичарка била во затвор , а сега е порно ѕвезда

Холандската гимнастичарка Верона ван дер Леур , која освоила бројни медали ,сега живее сосема поинаку.

Гимнастичарката  освојувала златни и сребрени медали на светски и европски првенства , а сега е порно ѕвезда.

Во 2002 била прогласена за спортистка на годината , за во 2011 животот да и се смени. Тогаш завршила во затвор поради уцена , а кога излегла на слобода станала порно актерка.

Почнала да објавува фотографии и видеа за возрасни како веб – кам девојка. Откако го поминала патот и на порно актерка , сега е продуцент на филмови за возрасни.

притисни ентер