Дамаск ослободен, екстремистите евакуирани

Група екстремисти од Исламската држава се евакуирани од последната енклава под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск, со што оваа територија е вратена под контрола на државата.

Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека автобусите влегле во енклавата по полноќ за да ги превезат борците на ИД и нивните семејства.

Според Ројтерс, автобусите се упатиле во правец на провинцијата Бадија во Сирија, подрачје со мал број на жители , кое се наоѓа источно од престолнината Дамаск.

Заев - Пенс: Разговаравме за можноста заеднички да го прославиме приемот на нашата земја во НАТО наредната година

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска во Вашингтон, оствари средба со Потпретседателот на Соединетите Американски Држави Мајк Пенс.

Премиерот Заев, придружуван од Заменик претседателот за европски прашања Бујар Османи, и министерот за надворешни работи Никола Димитров, на средба со Потпретседателот на Соединетите Американски Држави Мајк Пенс, и со членовите на неговата делегација, разговараа за актуелни политички прашања од интерес на граѓаните на двете земји.

На средбата во Белата Куќа, која дојде на покана на Потпретседателот Пенс, премиерот Заев истакна дека оваа можност доаѓа во клучен историски момент за нашата земја, кога за десеттина дена, нашите граѓани ќе го одредат курсот на Република Македонија кон нејзината иднина во НАТО и ЕУ.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев го запозна Потпретседателот Пенс за активностите за спроведувањето на референдумот на 30 септември, како чекор кој ќе ја потврди иднината на нашата земја во најмоќните сојузи НАТО и ЕУ, и дека во таа насока, тој ги повика сите политички лидери, вклучувајќи ја и опозицијата, да се вградат во таа иднина.

Премиерот Заев за време на разговорот рече дека Република Македонија нема алтернатива за интеграцијата во ЕУ и НАТО, и дека граѓаните на нашата земја препознаваат дека од нивната одлука на референдумот поканата за НАТО што ја добивме во Брисел, ќе се преточи во протокол за пристапување и со процес за ратификација на нашето пристапување во јануари 2019 година.

Претседателот на Владата на РМ Заев истакна дека столчето во НАТО, кое значи рамноправно учество во работата на Советот на алијансата и безбедност и стабилност за нашата земја уште на почетокот на идната година, го прифаќаме заедно со одговорноста одбранбените стандарди да ги усогласуваме со оние на НАТО.

На средбата со Потпретседателот Пенс, премиерот Заев нагласи дека нашите граѓани знаат дека евро-атлантската иднина, освен консолидација на политичките реформи, ќе донесе и економски раст, кој сакаме да го делиме и заеднички да го остваруваме и со сите наши соседи.

„Охрабрени и инспирирани од средбата со Потпретседателот Пенс, остануваме во тесна соработка со САД во исполнувањето на нашата стратешка цел, да ги консолидираме евроатлантските структури за мир, стабилност и просперитет на сите нации кои се дел од истото семејство“, рече премиерот Заев на средбата со Потпретседателот на САД Мајк Пенс.

Потпретседателот Пенс на средбата пренесе пораки и од Претседателот на САД Трамп за поддршката на Вашингтон за покажаната храброст и лидерство за спроведување на неопходните реформи во земјата и за постигнатиот договор со Грција што го отворија патот за членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

Потпретседателот Пенс нагласи дека Белата Куќа ја охрабрува и ја споделува визијата на Република Македонија да биде демократска, просперитетна земја членка на НАТО и ЕУ.

Претседателот на Владата на Република Македонија и Потпретседателот на САД Мајк Пенс разговараа за можноста заеднички да биде прославен приемот на нашата земја во НАТО наредната година, кој станува реалност со спогодбата со Грција ,се наведува во соопштението од Владата. 

Мицкоски во Свети Николе : Секогаш кога СДСМ е на власт Република Македонија губи по нешто

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните и членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе.

Според партиското соопштение, Мицкоски пред присутните истакна дека секогаш кога СДСМ е на власт Република Македонија губи по нешто, односно како што рече тој Македонија станува посиромашна држава за по некој атрибут. Тој се наврати во минатото односно во време на транзицијата кога голем број на семејства остануваа без работа, па се до промена на знамето, прифаќање на референцата ФИРОМ, спомнувајќи го и фамозниот 15 септември во 2002 година кога ветуваа најмалку едно вработување од секое семејство, територијалната поделба на Македонија во 2004 година, па се до денес кога СДСМ и Заев повторно ги распродаваат националните и државните интереси, со истите лажни ветувања дека доколку се прифати се граѓаните ќе живеат посреќно, во мир и спокој.

Мицкоски пред граѓаните нагласи дека животот кој Зоран Заев го ветуваше во предизборниот период не само што не го донел туку животот на граѓаните го претворил во нивно колективно страдање.Додаде дека СДСМ и Зоран Заев се обидуваат со притисоци и закани да го уценат народот за да го прифатат капитулантскиот договор кој притоа е штетен и значи откажување на се што е македонско.

  -Овде во Свети Николе бев сведок на многу такви сведочења од граѓаните без разлика каде се вработени во државната управа, во локалната самоуправа кои велат дека на дневна основа имаат притисок од нивните надредени, локални функционери на СДСМ кои ги тераат, им се закануваат со губење на работни места доколку не го поддржат ова капитулантско дело на Зоран Заев, изјави претседателот Мицкоски.

Зеев пo средбата со Пенс : Добивме пораки на охрабрување за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на договорот од Преспа

Од потпретседателот Мајк Пенс  добивме пораки на охрабрување за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на договорот од Преспа, напиша премиерот Зоран Заев по средбата во Вашингтон.

,,Можноста да разговараме со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, доаѓа во клучен историски момент за Република Македонија. Од потпретседателот Пенс добивме пораки на охрабрување за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на договорот од Преспа.

На средбата беше истакнато дека со Договорот го обезбедуваме заслуженото место во евроатлантските структури. Со тоа го осигуруваме мирот, стабилноста и просперитетот за нашите граѓани., напиша Заев по средбата со Пенс .

Во Белата Куќа заедно со премиерот Заев беа и вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи , Никола Димитров.

Средбата се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а следува по посетите на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и на помошникот државен секретар Вес Мичел на Македонија и искажаната поддршка за претстојниот референдум и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ. 

притисни ентер