Емина за разводот со Мустафа : Би можела да бидам подобро

Српската пејачка Емина Јаховиќ прв пат јавно проговори за разводот со Мустафа Сандал.

По 10 години брак , Емина се разведе од Мустафа , а нејзините синови Јаман и Јавуз минуваат низ траума. Емина поради бројните обврски е во Белград. Таа прв пат проговори за траумите што ги предизвика разводот , со кој беше шокирана и турската јавност. ,,Добро сум. Дефинитивно би можела да бидам и подобро , бидејќи минувам низ еден тежок период и не е лесно. Но , добро е , се држам. Мислам на разводот на бракот низ кој минувам и тоа е навистина голема траума и за мене и за моите деца и се обидувам да поминам низ сето тоа. Се надевам ддека ќе излезам од ова како што тоа од мене се очекува .” вели Емина за српските медиуми.

Иако ставија крај на љубовната врска, поради синовите Емина е во добри односи со Мустафа. ,, Останавме многу добри пријатели . Имаме две деца и поинаку не би било нормално . Нашата врска беше преубава и љубовта беше преубава , така што за жал и разводот треба да биде преубав .” рече Емина Јаховиќ.

Бикот Диско од 1600 кг, има 140 000 потомци!?

Атракција на годинешниот Меѓународен саем за земјоделство во Нови Сад е бикот Диско кој тежи дури 1600 килограми, во сопственост на Сточарско – ветеринарниот центар Крњача од Белград.

Овој природен бик од сименталска раса зад себе до сега остави неверојатни 140 000 потомци , неговите ќерки на многу натпревари освоиле престижни награди.

Годината тој самиот добил награда за најголем бик  на најголемата саемска манифестација во регионот.

Диско инаку бил роден во Австрија и како теле бил купен во Србија.

Видео: БМВ Серија 8, со мотор В8 и 530 КС

Новиот БМВ Серија 8 ќе дебитира на 15 јуни, а баварскиот гигант во новата најава ги потврди некој од шпекулациите.

Според досегашните информации е познато дека Серија 8 во верзија М850 како погон ќе има В8 мотор со 530 коњски сили. Иако нема потврди дека станува збор за битурбо 4,4 литарски агрегат, вакво нешто доаѓа како најреална опција пренесуваат медиумите.

Краткиот преглед на инструмент таблата покажува најмалку седум брзини на менувачот , веројатно на осмостерпена трансмисија, како што е во М5.

Ова му дава на БМВ опција да создаде уште помоќен  М8, кој се очекува исто така оваа година, со агрегат од 625 КЦ од М5 „Компетишен“.

Силата на подлогата се пренесува преку погон на сите четири тркала  со активен заден диференцијал.

БМВ Серија 8 се опишува како „господски тркач“ , што значи дека купето поседува високи перформанси покрај системот кој овозможува лесно возење.

Фото: Познати двојки на хуманитарна вечера

Свечената вечера популарно наречена АМФАР која се одржа во Кан имала за цел собирање на средства за борбата против сидата.

Свеченоста ја одбележаа  многу познати и убави заљубени двојки.

На црвениот тепих многу од познатите двојки на радост на јавноста  дури и разменуваа нежности.

На свечената вечера меѓу  многуте гости беа и членовите на светскиот џет сет: каролина Куркова и Арчи Дрери, Петра Немцова со новото момче, актерот Пирс Броснан со сопругата Кели Смит.

Потоа, Сара Сампаио и Оливер Рипли, Хајди Клум со младото момче Том Каулиц и секако највљубените Парис Хилтон и Крис Злик кој дури имаа и мал пех на црвениот тепих.

Убавата Парис за малку ќе паднела пред своето момче.

притисни ентер