Фото: „Жешка“ УФЦ боксерка

Хамиет Гасиола е една од најубавите УФЦ девојки во рингот. Атрактивната Хамиет секојдневно со своите провокативни издание на социјалните м режи добива се побројна публика меѓу посилниот пол.

Оваа „жешка“ манекенка со корени од Мексико и Куба е задолжена за подигнување на атмосферата и во рингот но и околу него.

Сексапилната УФЦ натпреварувачка на Инстаграм секој ден  на воодушевување на своите 200 илјади следбеници објавува свои провокативни фотки, кои веднаш добиваат илјадници лајкови.

Градоначалниците ќе играат фудбал против министрите

 Во спортскиот центар „Јане Сандански" денеска ќе се одржи ревијален турнир во мал фудбал меѓу локалната и централната власт.

Во екипата на локалната власт се пријавени градоначалниците на повеќето скопски општини, додека во екипата на централната власт ќе се натпреваруваат министри, советници и други високи функционери.

Турнирот, всушност, се игра на крајот од традиционалниот Турнир во мал фудбал на медиумите, кој годинава се одржува по 26-ти пат (од четврток до недела) во организација на Спортско радио 90,3 ФМ.

Целта на манифестацијата, покрај забавата, е и дружење и промовирање на спортот.

Пред фудбалот на градоначалниците против министрите, во 15:00 часот му претходи уште еден атрактивен натпревар меѓу познати пејачки и новинарки. Истиот ден фудбал ќе играат и спортски легенди, полицајци, училишта, факултети и фудбалските школи.

Влезот за публиката е бесплатен. 

Камили во Лидл

Камили избегале од циркус и завршиле во Лидл

Седум камили избегале од циркус и решиле да се прошетаат до најблискиот маркет Лидл во градот Берген во Германија.

Вработените повикале полиција бидејќи не знаеле што да прават со камилите кои се појавиле во нивниот маркет.

Полицијата дознала дека камилите избегале од циркус и успеале со помош на вработените од циркусот да ги вратат назад.

Вработени во банка го напуштија утринскиот состанок порано

Вработените се разбегаа откако од плафонот падна Бурмански питон.

Вработените во една банка во Кина се разбегаа откако пред нивните нозе падна од плафонот огромен Бурмански питно.

Снимка од банката ја покажува големината на питонот.

Змијата по неколку часа била заробена и однесена во зоолошка.

Питонот бил со тежина од 8 килограми.

притисни ентер