Дел Потро ја освои титулата во Акапулко

Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина) ја освои титулата на турнирoт во мексиканскиот град Акапулко со награден фонд од 1,64 милиони долари.
Во финалето, Дел Потро го победи петтиот носител на турнирот, Кевин Андерсон (Јужна Африка) со 6:4, 6:4 за час и 40 минути игра.

Аргентинецот, број девет на светската ранг-листа, пласираше 12 асови и направи по еден брејк во двата сета за да победи на натпреварот. Така го забележа седмиот успех во седум натпревари против Андерсон.

Дел Потро (29) загуби само еден сет во четири натпревари во Акапулко и стигна до првата титула во сезоната и 21. во својата кариера,

Кевин Андерсон не успеа да освои втор трофеј оваа година по победата пред една недела во Њујорк. /МИА

Хуман гест на Рома, ќе донира 150 000 евра за лекување на навивач на Ливерпул

Италијанскиот фудбалски гигант Рома  ја покажа и својата хумана страна, и одлучи да учествува во лекувањето на навивачот на Ливерпул кој е во кома.

Првиот човек на Рома Џејмс Палота  ќе донира 150 000 евра за лекувањето на 53- годишниот навивач  на Ливерпул Џон Кокс.

Тој беше тешко повреден за време на немирите кои се случија пред  минатогодишниот мечот од Лигата на шампионите  меѓу Рома и Ливерпул.

Шон Кокс доби сериозни повреди од фановите на римската волчица пред минатогодишниот полуфинален натпревар во Рим.

Шон Кокс кој е во медицинска кома се лекува во Центарот за неврологија и неврохирургија во Ливерпул. 

УЕФА му се закани на ПСЖ со исфрлање од Лигата на шампионите

Француското списание ,,Екip”  објавува дека УЕФА му се заканила на клубот Пари Сен Жермен со можно исфрлање од Лигата на шампионите поради кршење на правилата за фер- плеј.

Од седиштето на УЕФА во Нион најавија дека ќе отворат истрага против одделни клубови меѓу кои и парискиот , под сомнение дека не покажале реален износ на спонзорските договори. Уште од 3 јули финансиското тело на УЕФА го проверува клубот.

Така на пример спонзорските договори со Катар девалвирале , така што во финансиската документација не биле прикажани виостинските износи , бидејќи вистинската вредност е 87 , а не 138 милиони евра ,како што било наведено.

И договорот со компанијата QTA која е главен спонзор на тимот има реална вредност од 58 милиони евра ,а биле прикажани 100 милиони.

Според тоа клубот би требало да биде во дефиоцит од 84 милиони, што е далеку над годишната граница од 30 милиони евра , дозволена од УЕФА според законот за финансиски фер – плеј.  

Три ѕвезди од Европската атлетска федерација за организацијата и квалитетот на трката „Охрид трчаТ"

Спортско-рекреативната манифестација „Охрид трчаТ" доби сертификат со три ѕвездички од Европската атлетска федерација, за квалитет на трка и организација на настан.

Рангирањето со три ѕвезди претставува успех за организаторот и атлетскиот настан, уште повеќе што тоа е стекнато веќе со второто издание на овој сега најмасовен спортско-рекреативен настан во Охрид.

Директорот на трката, Иван Цветкоски изјави дека препознавањето на трката од Европската атлетика како настан и организација дополнително ги мотивира да ја градат спортската манифестација „Охрид трчаТ" заедно со сите партнери, пријатели, волонтери, соработници и поддржувачи на уште повисоко ниво со цел веќе од 2020 година да ги добијат максималните пет sвезди за квалитет на настан.

-За нас како организатори на трката, сертификатот за квалитет на трка и организација претставува голем мотив за иднината на настанот, за кредибилитетот наш, за професионализмот. Дополнително овој сертификат обезбедува сигурност за тркачите, за сите учесници, што сигурно ќе овозможи да бидеме уште повеќе прифатени од тркачката заедница, граѓаните и сите подржувачи, изјави Цветкоски.

Следното трето издание на „Охрид трчаТ" ќе се одржи на 2 јуни, а пријавувањето со многу новитети и изненадувања ќе започне во најскоро време. 

притисни ентер