Здружението на кошаркари избра нов Управен и Надзорен одбор

Здружението на кошаркарски играчи на Македонија денеска го одржа редовното годишно Собрание на кое избра нови членови на управниот и надзорниот одбор.

Новоизбрани членови на управниот одбор се: Јане Петровски, Дарко Соколов, Марко Симоновски, Бојан Крстевски, Бојан Трајковски, Стојан Ѓуроски, Симона Деловска, Едина Муса, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Миливоје Трифуновски, Бојан Серафимов и Андреја Атанасов.
За членови на надзорниот одбор избрани се: Кирил Николовски, Предраг Паиќ, Игор Пенов, Кирил Павловски, Димитар Караџовски, Александра Стојановска и Александар Костовски.

Управниот одбор за нов претседател на здружението на кошаркарски играчи го избра Миливоје Трифуновски, а за потпретседател го избра Бојан Серафимов.

На денешната седница меѓу другото донесени се и заклучоци за почести средби на кои ќе се разговара за подигање на квалитетот и условите за кошаркарите и кошаркарите во сите македонски лиги,  дефинирање на минималната плата за репрезентативци, прволигаши, второлигаши и прва лига жени, формирање на правна служба која ќе изготви колективен договор помеѓу играчите, клубовите и МКФ и др.

- Радува фактот што на ова собрание добивме дваесетина нови членови со кои сите заедно ја продолжуваме борбата за подобра кошаркарска Македонија. Здружени сме најсилни и ќе постигнеме многу, велт од Здружението. 

СП 2018: Уругвај ја совлада Саудиска Арабија и обезбеди пласман во осминафинале

Уругвај со минимални 1:0 ја совлада Саудиска Арабија во второто коло од групата А на Светското првенство во Русија.

Уругвајците ја забележаа втората победа на Мундијалот и обезбедија место во осминафиналето.

Стрелец на победничкиот гол беше Луис Суарез во 24-та минута, кој го искористи невниманието на одбрана на Саудиска Арабија.

Во останатиот дел од натпреварот Уругвајците успеаа да го обранат минималното водство доволно за победа.

Место во нокаут фазата од оваа група обезбеди и Русија, која исто така по двете кола освои максимални шест бода. /МИА

СП 2018: Роналдо и донесе победа на Португалија против Мароко

Португалија со минимални 1:0 го совлада Марoко во групата Б на Светското првенство во Русија.

Стрелец на победничкиот гол во четвртата минута беше Кристијано Роналдо.

Во текот на целиот натпревар Мароко ја имаше иницијативата, особено во вториот дел кога се обиде сериозно да го загрози португалскиот гол.

Меѓутоа, Португалија успеа да се обрани и неколку пати се обиде да го зголеми водството преку контранапади.

Мароко со два порази ги загуби шансите за пласман во следната фаза, а Португалија со четири освоени бода е на чекор од осминафиналето. /МИА

Вардар против Пјуник, Хонвед противник на Работнички, Шкупи против славниот Глазгов Р. во 1. коло од Лигата на Европа

 Вардар за противник во 1. квалификациско коло во Лигата на Европа ќе го има тимот на Пјуник од Ерменија.

Ова е резултат на ждрепката која денеска се одржа во седиштето на УЕФА во Нион.

Првиот натпревар треба да се игра на 12 јули во Ереван, а на реваншот седум дена подоцна, Вардар да биде домаќин. 

До сега Вардар нема играно официјален европски натпревар против тим кој доаѓа од Ерменија, додека Пјуник два пати ги има одмерено силите со македонски претставник, односно со Победа и со Тетекс, каде што два пати беше успешен. 

Унгарскиот Хонвед прв ривал на Работнички во ЛЕ

 Екипата на Хонвед е противник на Работнички во првото квалификациско коло од Лигата на Европа на УЕФА. Ова го одреди денешниот ждреб во Нион.

Првиот меч ќе се одигра на 12.јули во Будимпешта, додека реваншот треба да се одигра седум дена подоцна во Скопје.

Минатата сезона Хонвед го заврши на четвртото место во првенството на Унгарија. 

Шкупи го доби славниот Глазгов Ренџерс за ривал во квалификациите од ЛЕ

Трофејниот шкотски клуб Глазгов Ренџерс ќе му биде противник на Шкупи во првото квалификациско коло од фудбалската Лига Европа.

Првиот натпревар на 12 јули ќе се игра во Шкотска, а во реваншот домаќин ќе биде Шкупи.

Претходно на жрепката во седиштето на УЕФА во Нион, ривалите за првата рудна ги добија и другите два македонски претставника.

Вардар ќе игра со Пјуник од Ерменија, додека Работнички ќе се сретне со Хонвед од Унгарија. 

притисни ентер