Давитков: Без калкулации, одиме на победа

Македонската кошаркарска репрезентација в недела ја пречекуваат селекцијата на Словачка против која нов триумф очекува селекторот Јорданчо Давитков.


- Нема да калкулираме. Одиме на победа, победивме во Попрад, се надевам дека ќе победиме и в недела. Треба да одиграме максимално, но желбата е само триумф. Противникот има солидна екипа, со екстра-играч Курич кој е извонреден шутер. Го имаат уште Седма, кој е искусен и малку постар, но сепак може да помогне. Тука е и тренер кој доаѓа од екс-Ју просторите. Но, што и да е, мислам дека по победата во Словачка треба повторно да победиме, изјави Давитков на денешната прес-конференција.

Има место за простор за напредок во нападот. Играчите веќе ја препознаваат мојата филозофија на игра. Со Швајцарија беше малку стегнато, имаше притисок, но сега мислам дека ситуацијата ќе биде поинаква. Сите 16 играчи се појавија на првиот собир, на овие тренинзи што ги имавме досега работат солидно. Тоа е и очекувано, затоа што се наоѓаат во топ-форма. Имаме мал проблем со Димитријевиќ кој е повреден. Се мачи со повреда на препоната. Синоќа не тренираше, се наоѓа на лекарски прегледи, додаде македонскиот селектор.

На неговите зборови се надоврза и капитенот Војдан Стојановски.

- Сите од играчите знаеме колку е важен овој натпревар за нас. Најважно е да нема опуштање в недела и да одиграме како што знаеме. Не треба да дозволиме победата во Попрад да не опушти, Ако почнеме добро во одбрана нема да имаме проблем на натпреварот.

Натпреварот ќе се одигра в недела (25 февруари) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20 часот и 15минути.

Роча на чело на шпанскиот фудбал

 Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) Педро Роча е избран денеска за нов челник на организацијата.

Роча изминатиот период беше вршител на должноста претседател, откако поранешниот прв човек на РФЕФ, Луис Рубиалес, беше принуден да се повлече поради скандалот кога ја бакна в уста репрезентативката Џени Ермосо за време на церемонијата на доделувањето на златните медали по финалето на Светското првенство минатата година.

Роча, кој наскоро ќе го прослави својот 70 роденден, беше единствен кандидат за претседателската должност.

Во четвртокот, шпанската Влада го стави РФЕФ под надзор поради можна корупција, поврзана со „многубројни грешки во управувањето“. /МИА

Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Српскиот министер за финансии Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Од 2020 година Србија кумулативно привлече 15,9 милијарди евра директни странски инвестиции, изјави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали на средба со инвеститори од САД, јави Бета.

„Не правиме разлика меѓу домашни и странски инвеститори. Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, им порача Мали на инвеститорите кои по посетата на српската делегација на Вашингтон по повод Пролетната сесија на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка пристигнаа во Белград со цел да се запознаат со сите параметри на српската економија.

Мали изјави дека во Србија не се прави разлика меѓу домашни и странски инвеститори, соопшти Министерството.

„Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, рече министерот.

Тој наведе дека ланскиот раст на БДП во Србија бил 2,5 отсто и дека само во последниот квартал бил 3,8 отсто, а во февруари годинава бил 5,9 отсто и дека се базирал на извозот и инвестициите, како и на таа официјална статистичка. Податоците на Србија покажуваат дека секоја економска гранка бележи раст.

Тој посочи и дека Србија има стабилен јавен долг, на ниво од 47,6 отсто од БДП. /МИА

Невладините со барања до партиите за подобрување на еколошката слика во земјава

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата.

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата, обвинуваат дел од граѓанските иницијативи и еколошки здруженија.

Тие бараат одговор од партиите што ќе преземат за намалување на загадувањето на воздухот, кога ќе го завршат префрлувањето на 700 јавни објекти од мазут и нафта на незагадувачки енергенси за загревање, дали имаат стратегија како да ја прекинат финансиската зависност на општините само од комуналии и издавање нови градежни дозволи.

Дали оваа иницијатива доаѓа со задоцнување, со оглед на тоа што програмата за парламентарните избори партиите веќе почнаа да ја презентираат, ја прашавме Ели Пешева од О2 Иницијатива.

Подносителите на иницијативата бараат конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции кои ќе го сработат ветеното.

притисни ентер