ЗОИ 2018: Ветерот го одложи и женскиот слалом

По машкиот спуст и женскиот велеслалом, на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг не се одржа според планираното ниту женскиот слалом.

Причина за тоа е силниот ветар. Почетокот на првата трка беше закажана за 10:15 часот по локално време, потоа беше преместен двапати за 15 минути. Сепак, помалку од половина час пред почетокот на трката, организаторите одлучија да го откажат натпреварувањето.

Организатор ги информира гледачите дека женскиот слалом е презакажан за 16 февруари и дека доколку не се во можност да присуствуваат во тој термин ќе им бидат вратени парите за купените билети.

Програмата за алпско скијање во Пјонгјанг требаше да започне во неделата со машкиот спуст, но силниот ветер оттогаш им прави големи проблеми на организаторите. Еден ден подоцна беше откажан женскиот велеслалом, а двете дисциплини бе апрезакажани за утре. За 15 февруари првично планирано да се вози  машкиот суперве-џи кој беше префрлен за в петок, кога ќе биде и женскиот слалом одложен утринава.

Секако услов з ада се одржат овие трки е намалување на брзината на ветерот која денеска во Пјонгчанг достигнуваше брзина од 70 км/час.
Досега на ЗОИ се одржа само една трка во алпско скијање - машка алпска комбинација во која триумфираше австрискиот Марсел Хиршер. 

Фото: Европскиот шампион Вардар пристигна во Келн

Ракометарите на Вардар денеска пристигнаа во Келн каде викендов ќе ги играат натпреварите на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Вардарци кои ќе ја бранат титулата се првиот тим што пристигна во германскиот град. Доаѓањето на другите три полуфиналисти, сите се од Франција, е најавено за попладне.

За денеска планиран е и првиот тренинг, пред саботниот полуфинален меч со Монпеље.

Македонскиот шампион се надева дека ќе биде првиот тим што ќе го одбрани шампионскиот трофеј во ЛШ.

Наполи го претстави Карло Анчелоти за нов тренер

Италијанскиот фудбалски клуб Наполи го претстави Карло Анчелоти за нов тренер.

Фудбалскиот стручњак потпиша тригодишен договор вреден 6,5 милиони евра по сезона.

Претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис пред неколку часа соопшти дека ја прекинале соработката со тренерот Маурицио Сари.

Анчелоти претходно беше тренер на Парма, Милан, Јувентус, Челзи, Реал Мадрид, ПСЖ и последно во Баерн Минхен. За него ова ќе биде прво враќање во Серија А по девет години.

Наполи заврши на второто место во Серија А  и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите./МИА

Леконт: Ѓоковиќ веднаш требаше да го оперира лактот

Поранешниот француски тенисер Анри Леконт изјави дека проблемот на Новак Ѓоковиќ е од ментална природа и се забележува дека не ужива на теренот. 

Според Леконт, најдобриот српски тенисер донел лоша одлука кога станува збор за неговото лечење и веднаш требало да замине на операција на лактот.

- Проблемот на Ѓоковиќ е од ментална природа. Мора да бидете решителни и да уживате во процесот на враќање. Се сомневам дека тој ужива на теренот, а треба да верува и да си докаже на себеси дека тоа е можно. Тој е одличен играч и мора повторно да освојува големи натпревари, но факт е дека не се врати на вистинскиот начин, потенцира поранешниот француски тенисер.

Според него за Ѓоковиќ не би било добро повторно да соработува со Борис Бекер.

- Најголемата грешка на Ѓоковиќ беше тоа што премногу долго ја одложуваше операцијата  на лактот, истакна Леконт.

Ѓоковиќ по тешкиот старт во 2018 година и по разочарувачките резултати, конечно на турнирот во Рим почна да игра на повисоко ниво, но се уште далеку од неговите најдобри периоди./МИА

притисни ентер