Вардар против Цеље за потврда на првото место во СЕХА

Ракометарите на Вардар вечер го пречекуваат словенечкиот претставник Цеље во дуел од регионалната СЕХА лига.

„Црвено-црните" имаат обезбедено пласман на Ф4 турнирот, но со евентуална победа ќе биде многу близу до освојување на првото место.

-Целје е добра екипа со млади играчи, и играчи кои исто така имаат искуство. Натпреварот е тежок, зашто тие играат брз центар. Треба да се биде спремен на таквата игра. Очекувам добар натпревар. Ние имаме стабилност и треба да играме добро, но и да се искористи мечот, да се чувствуваме подобро и да се воиграме подобро, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Почетокот на натпреварот е 20:45 часот.

За Вардар и Целје ова ќе биде четврти натпревар во СЕХА лигата, а досега македонскиот првак трипати бил подобар.

Американците се згрозени од снимката на наставник како претепува ученик,додека другите гледаат

Наставник (27) претепал ученик кој наводно го навредувал на расистичка основа, а инцидентот се случил пред очите на другите ученици во училиштето Валеи во Лас Вегас.

Во вознемирувачкото видео е снимено како наставникот му удира шлаканици на ученикот, па го фрла на земја и го клоца пред насобраните средношколци.

Според првичните информации, ученикот го нарекол наставникот „црнец“, што резултирало тој да се налути и да се соочи со младиот човек.

Откако видеата беа објавени во јавноста, полицијата ги уапси наставникот и ученикот, а локалните власти известија дека на 27-годишниот маж отсега ќе му биде забрането да предава во областа.

По нападот ученикот бил примен во болница каде се уште е таму поради повредите со кои се здобил во нападот.

Наставникот, меѓу другото, е обвинет и за нанесување тешка повреда и бил пуштен со кауција од 9.000 долари, а судењето е закажано за подоцна.

Во музејот на Битлси во Ливерпул е изложен познатиот јапонски сервис за чај на Џорџ Харисон

Јапонскиот сервис за чај, купен од англискиот гитарист, пејач и поранешен член на Битлси Џорџ Харисон во 1966 година за време на турнејата на Битлси низ Јапонија, е изложена во музејот на Битлси во Ливерпул.

Сервисот, еден од трите купени од Харисон во Јапонија, му го подарил менаџерот на турнејата Нил Аспинал на неговиот син Роаг Бест, кој сега го води музејот на Битлси.

Како што изјави, на тридневната турнеја, Битлси свиреле за повеќе од 10.000 луѓе по концерт.

„Битлеманијата навистина ја погоди Јапонија. Тие не можеа да ја напуштат хотелската соба“, рече Бест, кој е син на Аспинал и Мона Бест и полубрат на Пит Бест, оригиналниот тапанар на Битлси.

Тој изјавил дека неговиот татко, маскиран, го придружувал Џон Ленон, додека еднаш излегувале од хотел во Токио, еднаш излегол и Пол Макартни со маска, но Ринго Стар и Харисон останале заклучени во собите.

„Тие сакаа да купуваат работи на турнеја, но бидејќи не можеа да излезат, луѓето ги носеа своите производи во нивните соби. Џорџ купи три многу украсени јапонски чајни комплети кои потоа ги испрати назад во Англија. Чуваше еден, татко ми дозволи тој да избира од преостанатите два, а третиот и го дал на мајка си“, рекол Бест, пренесува Би-Би-Си.

Сервисот е префрлен во Ливерпул, во куќата на Мона Бест, сопственик на клубот „Касба“.

Бест изјавил дека на сетот недостасуваат три чаши кои ги скршил кога имал 15 години.

Тој додаде дека се надева дека сервисот за чај ќе биде од особен интерес за фановите на Битлси од Јапонија кои го посетуваат музејот во Ливерпул.

„Фан клубот на Битлси е еден од најголемите по членство и има околу 40.000 фанови. Мислам дека ова ќе им се допадне“, рече Бест.

САД најавија нови 6 милијарди долари воена помош за Украина

Соединетите Држави обезбедуваат нова воена помош од 6 милијарди долари за да ѝ помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Последната испорака на оружје ќе вклучува артилериска муниција, како и ракети за системи за воздушна одбрана Патриот произведени во САД, рече Остин по онлајн состанокот со Контакт групата за одбрана за Украина предводена од Вашингтон.

Соопштението доаѓа откако американскиот Сенат доцна во вторникот одобри нова помош за Киев во вкупна вредност од околу 61 милијарда долари, отворајќи го патот за нови испораки на оружје по повеќемесечната блокада.

Веднаш потоа, во средата, американскиот претседател Џо Бајден најави итен воен пакет од 1 милијарда долари. Станува збор пред сѐ за опрема за противвоздушна одбрана, артилерија, ракетни системи и оклопни возила од залихите на американската армија.

притисни ентер