МОК потпиша договор со 12 спортисти за Олимписка стипендија Токио 2020

Македонскиот олимписки комитет (МОК) денеска потпиша договор со дванаесетмина македонски спортисти, за добивање на Олимписка стипендија Токио 2020.

Претседателот на МОК, проф. д-р. Васил Тупурковски, денеска од името на МОК ги потпиша договорите за стипендирање со дванаесетмина македонски спортисти од кои се очекува да обезбедат олимписка норма, а со тоа и учество на Летните олимписки игри во Токио 2020 година.
Како што истакна Тупурковски, МОК со сиот свој капацитет, а во рамките на можностите, на овој начин им дава поддршка за потенцијалните македонски олимпијци да го остварат својот сон, но и да ја зголемат делегацијата на учесници на Олимпијадата во Токио.
- Свесни сме дека ова сигурно нема да е доволно, но сите средства кои ги добиваме од програмата на Олимписка солидарност ги враќаме во спортот. Се надевам дека конечно и државата ќе застане зад спортистите и дека ќе сфати, колкаво е значењето на спортот и спортските резултати, во афирмација на самата земја. Учесници сме во Олимпиското движење, а вие сте наши претставници. Дај Боже да остварите норми и да го зголемите бројот на нашата екипа, во Токио и гордо да го носите нашето знаме, истакна Тупурковски на денешната свеченост при потпишувањето на договорите.
Новите стипендисти ќе бидат помагани од МОК во наредните три години, а не како што тоа беше случај досега во две години.
Договори за стипендирање потпишаа:
1. Дејан Георгиевски - Таеквондо (800 САД долари)
2. Берат Јакупи – Карате (800 САД долари)
3. Емил Павлов – Карате (800 САД долари)
4. Лина Ѓорчевска – Тенис (625 САД долари)
5. Дарио Ивановски – Атлетика (625 САД долари)
6. Арбреша Реџепи – Џудо (625 САД долари)
7. Нина Балабан – Спортско стрелаштво (625 САД долари)
8. Наташа Стефановска – Карате (625 САД долари)
9. Пулексенија Јованска - Карате (625 САД долари)
10. Евгениј Поп Ацев – Пливање (625 САД долари)
11. Елмедин Сејфулау – Борење (625 САД долари)
12. Магомедгаџи Нуров – Борење (625 САД долари)

Од МОК, истакнуваат дека, спортскиот резултат на спортистите, а не Олимписката стипендија, ќе биде единствен фактор според кој може да се избори учество на Олимписките игри Токио 2020. Олимписката стипендија не значи можност за добивање на „предност„ на Олимписките стипендисти во однос на другите спортисти, можност која сама по себе не значи предност на еден спортист во однос на друг, туку служи исклучиво како дополнување на финансиските обврски за реализација на плановите и програмите на спортистите кои се предложени од страна на соодветните Национални спортски федерации.
Списокот, додаваат, е предмет на промени и не е конечен. Македонскиот олимписки комитет, секогаш ќе ги поддржува плановите и програмите на спортистите Олимписки кандидати од соодветните Национални федерации кои ќе достават до МОК квалитетни и соодветни информации, стратешки развојни планови и програми, но и во соработка, консултација, комуникација и координација соодветните јавни и приватни организации и институции кои активно учествуваат во финансирањето и давањето на соодветна поддршка на истите тие планови и програми./МИА

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер