Вардарки против Мец ја старуваат главната фаза во Лигата на шампионките

Со дуелот против францускиот Мец ракометарките на ЖРК Вардар на 27 јануари 2018 година, ќе ги продолжат натпреварите во Лигата на шампионките, односно главната фаза.
Во истата група со ЖРК Вардар и со Мец, се уште и екипите на: Будуќност, Битигхајм, Турингер и ФТЦ. Првопласираните четири екипи од групата ќе продолжат во четвртфинале во кое ќе вкрстува со првите четири екипи од втората група.
Според планот, мечевите од оваа фаза треба да завршат на 10 март и тоа со гостување кај Будуќност во Подгорица.

Распоред на натпревари на ЖРК Вардар.
1 коло- 27.01.2018 Вардар - Мец (17,30 ч.)
2 коло - 04.02.2018 Битигхајм - Вардар (17 ч.)
3 коло - 10.02.2018 Вардар - Будуќност (17,30 ч.)
4 коло - 25.02.2018 Мец - Вардар (15 ч.)
5 коло - 02.03.2018 Вардар - Битигхајм (19 ч.)
6 коло - 10.03.2018 Будуќност - Вардар (19,30)

Вардарки главната фаза ќе ја старуваат со осум бода, освоено од дуелите во првиот круг, кој го завршија со максимални шест победи.

Работнички со пораз од Хонвед елиминиран од квалификациите за ЛЕ

Работнички уште во првото коло ги заврши натпреварите од квалификациите за Лига Европа, откако на реваншот против унгарски Хонвед беше поразен со високи 4:0.

На натпреварот во Будимпешта домаќините по само 15-тина минути игра стигнаа до предност од 2:0. Филип Холендер во 6-та минута го постигна првиот гол, а десетина минути подоцна истиот фудбалер повторно беше прецизен за водство од 2:0 за Хонвед.

Во второто полувреме Херера направи прекршок врз Данило во шеснаесетникот, по што доби директен црвен картон. Данило успешно го реализираше пеналот во 63-та минута за водство од 3:0 на Хонвед.

А Работнички до крајот на натпреварот играше со фудбалер помалку по  црвениот картон на Херера.

Во финишот Хонвед дојде и до убедливи 4:0 со голот на Данило во 84-та минута.

Иако Работнички по првиот натпревар од Скопје имаше минимална предност од 2:1, сепак Хонвед со оваа убедлива победа оди во второто коло.

За Сари резултатот не е во прв план

Новиот тренер на Челзи, Маурицио Сари, вети дека напорно ќе работи со тимот, но додаде дека за првпат во кариерата резултатот не му е во прв план.

-Во овој период мораме да работиме напорно. Првпат мислам дека резултатот не е толку важен. Мораме да го дадеме максимумот. Освен напорна работа не можам да ветам ништо друго, а секако посакувам да освојам нешто со Челзи, истакна Сари.

Искусниот италијански стручњак потпиша тригодишен договор со лондонскиот клуб, откако претходно беше отпуштен неговиот сонародник Антонио Конте.

-Челзи е добар тим, но проблемот е што во Англија постојат уште пет или шест многу добри екипи. Со една или две измени можеме да се обидеме да играме фудбал каков што јас сакам. Сите најзначајни европски тренери во моментов се наоѓаат во Премиер лигата, така што ќе биде интересно да се игра против Клоп, Покетино, Гвардиола, Мурињо и останатите, наведе италијанскиот стручњак.

Сари во Челзи дојде од Наполи, каде претходно помина три сезони.

Шкупи со реми без голови против Ренџерс ги заврши квалификациите за ЛЕ

Шкупи е елиминиран од Глазгов Ренџерс во првото квалификациско коло за Лига Европа (ЛЕ).

Македонскиот клуб по поразот од 2:0 на гостувањето во Шкотска, денеска одигра реми без голови на реваншот во Скопје.

Иако кај фудбалерите на Шкупи имаше желба за победа и покажаа исклучителна борбеност, тоа не беше доволно да се постигне пресврт и да му се приреди изненадување на фаворизираниот противник.

Шкупи успеа неколкупати да се закани кон голот на Ренџерс, но недостигаше реализација.

По двата натпревари со македонскиот преставник, тимот на Стивен Џерард се пласираше во второто квалификациско коло од ова натпреварување.

притисни ентер