Спејс Екс сака да испрати луѓе подалеку од Марс – во друга галаксија

На овогодишната TED конференција во Ванкувер, претседателката на Спејс Екс, Гвин Шотвел за прв пат во јавноста ја претстави уште поамбициозната визија на компанијата од испраќање луѓе на Марс.
Шотвел изјавила дека компанијата не планира да се ограничи на лансирање на ракети за Марс, Сатурн или Плутон, туку сака да биде прва која тоа ќе го направи и во другите галаксии.

Спејс Екс исто така се надева дека ќе стапи во контакт со “некоја цивилизација која се наоѓа таму“, алудирајќи на вонземјаните.

Илон Маск, директорот на Спејс Екс и Тесла, кој минатиот месец лансираше автомобил во вселената, изјави дека Спејс Екс може да патува надвор од Марс до далечни планети на Сончевиот систем со помош на планетарни “станици“ кои би можеле да овозможат патување со до Плутон.

Но, Шотвел изјави дека компанијата е подготвена да патува и во други галаксии и оти нејзината крајна цел е пронаоѓање на облик на живот во други галаксии.

Маск изјавил дека вселенските бродови на Спејс Екс ќе полетаат на соседната планета уште во 2022 година и оти првите луѓе таму ќе бидат испратени најдоцна до 2024 година.

Сепак, Шотвел тој период го продолжи на десет години и додаде дека целта на истражувањето на Марс не е само да се создадат услови за можно преселување на човештвото доколку биде тоа потребно, туку да се отвори пат кон истражување на нови галаксии.

„Доколку и се случи нешто на Земјата, ќе мораме да ги преселиме луѓето на друго место“ – изјавила таа.

„Мислам дека би требало да се пронајдат повеќе алтернативни планети за да можеме да преживееме, а ова е една од нив. Марс е во ред, но е половно решение“ – објаснила таа.

Со просечна температура на површината од минус 62 степени целзиусови и остри ветрови, условите би биле многу тешки за луѓето.

Но пред заминувањето, најголемото прашање ќе биде како луѓето ќе го преживеат патувањето кое веројатно ќе трае повеќе од 80 дена, пишува „Бизнис инсајдер“.

Откриен потонат брод стар повеќе од 2.400 години во Црното море (видео)

Тим на нуркачи –поморски археолози, научници и истражувачи го откриле, како што се верува, најстариот потонат брод на светот – трговски брод од стара Грција, чиј облик досега е виден само како украс на древните керамички предмети.

Археолозите кои го истражуваат Црното море, соопштија дека бродот бил пронајден во близина на бугарскиот брег, на длабочина од дури 2000 метри, во услови без кислород, благодарејќи на кои древниот брод опстанал до денес.

Со анализа на радиоактивниот јаглерод диоксид од примероците земени од бродот, експертите утврдиле дека бродот е стар повеќе од 2.400 години.

Поморски археолози три години ја истражувале областа, користејќи технологија која претходно била достапна главно на нафтените компании.

Групата открила 60 остатоци од бродови, меѓу нив еден брод од козачката флота од 17 век и еден трговски брод од стар Рим со амфори на него.

 

Некогашната Мис на светот сака да изгледа како познатата старлета? (фото)

Актерката Пријанка Чопра, мис на светот за 2000 година, не му одолеа на новиот тренд кој ја “полуде“ и најпознатата старлета Ким Кардашијан.

На забава во Лос Анѓелес во Лас Вегас убавата Индијка се појави со нова фризура, која повеќе фанови ги потсети на Ким Кардашијан.

Пријанка отсекогаш имала средна должина на косата па долгата рамна коса беше вистинско изненадување за сите.

Ниту аутфитот не заостануваше зад тој на Ким, па убавата мисица се одлучи за светликав мини фустан со корсет.

Колку овие две жени личат една на друга можевме да видиме на забавата која ја организираше „Tiffany&Co” каде беа фотографирани заедно за време на гала вечерта.

Foto: Getty

“Безглаво чудовиште“: На дното на океанот пронајдено необично суштество (видео)

Вакво суштество никогаш не е видено во овој дел од светот, тврдат австралиските истражувачи.

Во водите на Јужниот океан забележана е фасцинантна видео снимка од необично морско суштество за кое подоцна е утврдено дека станува збор за видот морска краставица „Enypaniates eximia”.

Ова суштество кое многумина ги потсети на “безглаво пиле“ првобитно го доби прекарот “чудовиште“, а забележано е како плива околу брегот на источниот Антарктик, што е прв пат да биде забележан овој вид во оваа подрачје.

„Снимките од камерите ве оставаат без здив, вклучувајќи вид кој никогаш претходно го немаме видено во овој дел од светот“ – изјавил доктор Дирк Велсфорд, од програмата на Австралиската антарктичка дивизија.

Суштеството има облик на буре, додека телото во целост е транспарентно. Најмногу време поминува на дното на океанот.

Морската краставица, претходно е видена само на едно место, во Мексиканскиот залив во 1984 година.

 

притисни ентер