Поранешна студентка го тужи факултетот: Добив Мики Маус диплома

Поранешна студентка од својот факултет со тужба бара 60.000 фунти бидејќи неговата диплома не и помогнала да најде работа.
29 годишната Пок Вонг тврди дека факултетот Anglia Ruskin ја излажал тврдејќи дека ќе и овозможи квалитетно образование и добро вработување, а наместо тоа добила, како што самата изјавува „Мики Маус диплома“.

„Иако во 2013 година дипломирав како првенец на генерација, добив само Мики Маус диплома. Се надевам дека со оваа тужба ќе ги поттикнам и другите студенти да го добијат она што го платиле или дека тоа ќе им биде компензирано. Anglia Ruskin имаше добра реклама, но не го исполнија ветеното“ – изјавила Пок за „Сандеј Телеграф“.

Пок, која се преселила од Хонгконг во Кембриџ за да се стекне со квалитетно образование и шанса да успее во бизнис светот, од факултетот бара компензација во висина на уплатената школарина и животните трошоци за време на студирањето.

Меѓу останатите приговори навела дека предавачите доцнеле на предавањата и дека за тоа време ги упатувале студентите сами да учат. Исто така изнела тврдење дека за време на доделувањето на дипломата ја заклучиле во соба кога се обидела на другите студенти да им раскаже како стојат работите.

Портпаролот на факултетот тврди дека Пок не била заклучена во соба и можела да ја напушти кога ќе посака.

„Иако и врачивме награда бидејќи дипломираше како првенец на генерација, таа се обиде да го наруши доделувањето на сопствената диплома. Бидејќи тоа би ја уништило церемонијата за останатите студенти, ја замоливме да ја напушти бината и да седне во соседната просторија од која можеше да излезе во било кое време“ – тврди тој.

 Pok Wong  - undefined

Фото: Наташа Беквалац се врати на сцената

Популарната српска пејачка Наташа Беквалац прв пат по породувањето и скандалот со сопругот Лука Лазукиќ одработи еден настап.

Атрактивната  пејачка со својот сексапилен изглед и настап ја воодушеви публиката на настапот во еден познат белградски сплав.

Федерер со твит го честиташе бодот на Швајцарците

Најдобриот тенисер на светот, Швајцарецот  Роџер Федерер им го честиташе на фудбалерите од националниот тим нерешен резултат против Бразил на Светското фудбалско првенство 2018.

Швајцарија синоќа одигра 1:1 против големиот фаворит и го освои првиот бод на Мундијалот.

-Пристигнав дома на време да го гледам натпреварот Швајцарија – Бразил. Одличен резултат за швајцарски тим. Успех на Бразил на останатите натпревари од турнирот, напиша Федерер на Твитер. 

Турнејата на „спајс грлс“ неизвесна

Враќањето на „Спајс грлс“ на сцена ќе чини 150 милиони фунти. 

Секоја од девојките ќе добије по 30 милиони фунти, доколку Викторија Бекам се согласи на тоа.

Засега Бекам ја отфрли понудата, па турнејата може да пропадне.

Како што пишуваат медиумите, причините со во изборот на менаџерот, но и во успешната кариера на Викторија.

Сепак девојките веруваат дека Викторија ќе се предомисли и дека во септември ќе имаат настап.

притисни ентер