Ослободен еден од терористите осомничени за масакрот во Париз

Човекот кој го изнајмил својот стан на двајца џихадисти е ослободен на првото судење за масакрот во Париз во 2015 година.

Џавад Бендауд беше обвинет за засолување на Абделхамид Абауд и Чакиб Акроух по нападот во Париз во кој загинаа 130 лица , а стотици беа повредени .
За време на судењето тој негираше дека знаел што направиле двајцата терористи . Исламската држава соопшти дека стои зад нападите на националниот стадион, во барови и ресторани во градот, како и на концертот во салата Батаклан.
Обвинителите побараа четиригодишна затворска казна за Бендауд, познат како трговец со дрога и ситен криминалец, за наводно засолување терористи во неговиот стан во Сен Дени, на северот од Париз.
Сепак обвинителите рекоа дека немаат доволно докази за тврдењето дека тој знаел што направиле терористите .

Се верува дека Абаоуд, белгиски државјанин, бил водач на нападите во Париз, кој подоцна беше убиен во полициската рација во станот во Сен Дени.

"Некој ме праша за услуга, им помогнав", рече Бендауд во судот .

Додека Бендауд беше ослободен, двајца други обвинети денеска беа осудени.

Јусеф Атбулахен, братот на една жена убиена во полициската рација во станот во Сен Дени, е осуден на четири години затвор поради тоа што не ги предупреди властите за терористички заговор.

Пријателот на Бендауд, Мохамед Сума, обвинет дека дејствувал како посредник, беше осуден на пет години затвор.

На единствениот преживеан сторител на нападите во Париз, Салах Абдеслам, му се суди во Белгија.Неговотот судење во Франција не се очекува да почне пред 2020 година.

Електричниот Lotus Evija X го направи третиот најбрз круг на Нирбургринг (ВИДЕО)

Lotus Evija X, мошне модифициран и уникатен електричен хиперавтомобил, го помина германскиот Нирбургринг за само 6 минути и 24.047 секунди, а Lotus верува дека тоа може да го направи уште побрзо.

Овој пат го прави третото најбрзо возило досега што ја покривало патеката, зад само наменските тркачки автомобили.

Lotus објави многу малку технички информации за Evia X, кој е наведен како прототип во официјалната табела за рекорди во Нирбургринг.

Измените вклучуваат екстремни аеродинамични надградби и соголена внатрешност, фокусирана на перформанси.

Автомобилот наводно ги има истите батерии и електрични мотори како и патничката верзија, што значи 1500 kW/2039 КС и 1704 Nm вртежен момент.

Единствените автомобили побрзи од Evia X се Volkswagen ID.R (6:05.336 минути) и Porsche 919 Hybrid Evo (5:19.546 минути), и двата произведени од основата како тркачки автомобили.

Лотус верува дека Evija X може да постигне подобро време на Нирбургринг. Производителот известува дека возењето било забележано на влажен ден, па очекувањата биле мали. Сепак, кругот беше доволно добар, што Лотус сакаше да го сподели.

Во моментов не е јасно што планира производителот да направи следно со Evia X. Довербата на Lotus сугерира дека може да се обиде да ги подобри времињата на круговите или да се обиде да постави рекорди на кругови на различни патеки. Исто така, може да претвори уникатен автомобил во специјално издание.

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево.

„Борбата почнува од нула, како да немало прв круг“, рече Пендаровски пред крушевчани негирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори.

„Дали е логично да дојдам јас во Крушево, ако мислам да бојкотирам? Јас мислам со сите вас да победам! Кој сака нека бојкотира, ниту сум бојкотирал 2014-та, ни 2019-та, ни 2016-та, ни оваа 2024-та нема да бојкотирам. Тие нека му ја мислат за крајниот резултат. Ние сите го знаеме и наместо бојкот ние ќе прославуваме’, истакна Пендаровски денеска во Крушево,соопшти неговиот тим.

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ - нов мурал во Прилеп

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, порача дека младите преку уметноста оддаваат почит кон личностите кои имаат непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја.

− „Цртај на македонски“ со креативни уметнички идеи го заштитува и го промовира македонскиот јазик. Насликан е уште еден мурал преку кој младите уметници оддаваат почит кон личностите со непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја − рече Костадиновска-Стојчевска, која додаде дека во изминатите три години младите со своите креативни идеи на автентичен начин ги популаризираат македонскиот јазик и нашата уникатна народна мудрост.

Муралот е дел од конкурсот на Министерството за култура, „Цртај на македонски“, а го изработи визуелната уметница Ивана Самандова, во организација на „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“. Муралот, на кој е насликан цитатот „Правината се танчи, ама не се кинит“ од македонскиот културен деец, собирач на умотворби и фолклорист Марко Цепенков, е дел од поддржаниот проект на Самандова, „Јазикот коски нема, ама коски кршит“.

– Преку конкурсот „Цртај на македонски“ во изминатите три години ги поттикнавме младите на креативност. Отворивме нови можности за поддршка и презентација на нивниот талент – рече министерката за култура и додаде дека за три години преку овој конкурс се доделени пет милиони денари за реализација на над 60 дела.

„Министерството за култура останува посветено кон младите автори за чие творештво секогаш имаме посебна почит и обврска да го прикажеме на публиката“, истакна Костадиновска-Стојчевска денеска на промоцијата на новиот мурал на предната фасада на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, соопшти Министерството за култура.

притисни ентер