НБРМ објави конкурс за изработка на едукативна игра

Народната банка на Република Македонија објави конкурс за изработка на едукативна игра (веб/мобилна апликација), наменета првенствено со младата популација, со цел поттикнување поголем интерес за знаења од областа на економијата и финансиите.
- Преку играта младите ќе имаат можност да се забавуваат, да создадат поголем интерес за областа на економијата и финансиите и да го збогатат сопственото знаење. Едукативната игра треба да биде создадена согласно со возраста на целната група, односно ликовите, цртежите, содржината, јазикот и сл. да бидат приспособени на: група I (деца од 6 до 12 години), група II (млади од 13 до 18 години) и група III (возрасно население 18+), соопшти НБРМ.

Во рок од еден месец треба да се изработи идејно решение, по што во наредните три месеци ќе се изготви едукативна игра, врз основа на прифатеното решение.
Право за учество на Конкурсот имаат државјани на Република Македонија на возраст до 35 години, со исклучок на вработени во НБРМ.

Еден учесник има право да достави повеќе едукативни игри со различни идејни решенија во поглед на изработката, темата, платформата и др., но може да биде награден само со една награда.

На избраните автори ќе им се додели награда од 50.000 денари  за прво место 50.000, 25.000 денари за второ место и 15.000 денари за трето место.

Пријавите од авторите, со нивните лични податоци и контакт, треба да бидат доставени електронски на ЦД или УСБ преку архивата на Народната банка со назнака: „за Конкурс за избор на најдобра едукативна игра“.

Краен рок за доставување на едукативните игри е 13-ти следниот месец.

Во Марсеј вооружена група пукала на минувачи

Неколку маскирани напаѓачи  синоќа започнале да пукаат  со „калашников“ во Марсеј, на југот од Франција. Засега со сигурност се знае дека  едно лице е повредено.

Напаѓачите отвориле оган од три возила врз група млади луѓе што се наоѓале во близина на култниот центар „Лабусеран“, јавија локалните медиуми.

Дошло и до размена на оган со припадниците на полицијата, која го блокирала тој дел од градот.

Нема информации за уапсени, а на местото на пукањето се наоѓаат пожарникари и екипи на брзата помош.

Се верува дека нападот не бил од терористички карактер.

Денеска пресуда за случајот на СЈО „Триста“

Денеска ќе биде изречена пресудата за случајот на Специјалното обвинителство под име триста во кој обвинет е поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Тој се товари за злоупотреба на службената положба при набавката на 300 возила во МВР. Во завршните зборови, СЈО побара осудителна пресуда, а МВР надомест на штета во висина од 450 илјади евра.

Поповски, пак, рече дека е невин но и дека изминатиот период се соочил со низа закани и притисоци без да прецизира од кого. Предметот го води судијката Добрила Кацарска.

Дескоска во правда, Арбр Адеми во образование, Алаѓозоски заминува од култура

Премиерот Зоран Заев утрово до собранието треба да го испрати предлогот за реконструкција на владата.

Според најавите, Рената Тренеска Дескоска од министер за образование од СДСМ оди во министерството за правда, а во образование Арбр Адеми, сегашен заменик министер за образование од ДУИ.

Роберт Алаѓозовски, заминува од министер за култура. На негово место треба да седне Асаф Адеми, кадар на движењето БЕСА од крилото на Африм Гаши, кој беше кандидат за градоначалник на БЕСА за Гостивар.

притисни ентер