Путин одобри, Русија ќе гради нова супертешка ракета!

Рускиот претседател Владимир Путин дал зелено светло за градење на нова руска ракета носач од супер тешка категорија која ќе биде користена во мисиите за Марс и Месечината, изјавил шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“ Игор Комаров.
Според него планот за изградба на новата супертешка ракета требало да биде завршен до крајот на следната година.

Комаров воедно истакнал дека со изградбата на новата супер тешка ракета на новоизградениот космодром „Восточни“ ќе биде формиран и нов комплекс и секако нова инфраструктура за таа ракета , предвидено е целиот проект да биде реализиран до 2028 година.

Медиумите пренесуваат дека новата ракета од супертешка категорија е неопходна и за реализација на проектот „ Dip spejs gejtvej",кој подразбира лансирање на меѓународна станица во орбитата за изучување на Месечината.

Се предвидува дека првото лансирање на новата супертешка ракета ќе биде спроведено во 2027 година. 

Вообичаено утро на островот Палма де Мајорка

Девојка си порачува за јадење во ресторан.

Британка си порачува  храна во Мекдоналдс, откако била на некоја забава.

Германскиот весник Билд ја објавил оваа фотографија со коментар дека се работи за Британка која се појавила вака облечена во недела во 11 часот наутро.

ТВ презентерка успеа да фати избеган коњ

ТВ презентерка успеа да фати избеган коњ

Презентерката се фрли пред коњот и успеа да го застане.

Повеќето луѓе кога би виделе коњ кој галопира кон нив би избегале, но ТВ презентерката му се спротистави на избеганиот коњ и успеа да го застане.

Презентерката Харли Мур, стоеше во средина на патеката кога го забележа коњот.

Погледнете ја оваа храбра жена:

Кенгур влетал на рагби натпревар (видео)

Камерманот кој го снимал рагби натпреварот го фатил моментот кога кенгур влетал на теренот.

Видеото е снимено во Паркс, во Нов Јужен Велс, во Австралија. Во тоа време се играл рагби натпревар.

Снимката покажува како кенгур скока по теренот меѓу играчите и неколку секунди потоа го напушта теренот.

„Работам хонорарно како камерман, главно ги следам локалните спортски настани. Додека го снимав женскиот рагби натпревар, бев сведок на неочекувана појавување на кенгур на теренот“ – прокоментирал снимателот на овој несекојдневен инцидент.

притисни ентер