25 илјади Французи купија дворец за го спасат од пропаст

25 илјади Французи донираа пари и спасија од уривање еден од најромантичните дворци во земјата, стар осум века. Објектот од 13-иот век, требаше да биде урнат, но здружение за заштита на културното наследство покрена интернет петиција за да го купи и реставрира..
Само до пред два месеца беше на раб да биде срамнет со земја, денеска идиличниот дворец Шато де ла Моте Шанденије стана глобален синоним за тоа како се чува културното и историско наследство. Лоциран во западна Франција, дворецот од 13 век, во моментов е дом на дури 25 илјади сопственици. Толкав е бројот на луѓе, кои донираа пари за спас на дворецот, поддржувајќи ја интернет петицијата на здружението Дартањан, кое одлучи да посредува во купувањето и реставрацијата на дворецот.

-Јасно е дека никој не може да му одолее на овој дворец, поради неговата романтичност. Затоа е интересот толку голем и никој не сака да гледа како пропаѓа ова исклучително историско наследство, вели Роман Далеалу, здружение Дартањан

Објектот нема најсреќно минато. Сместен среде мало езеро до кого води типичен средновековен мост, омеѓен од импресивни кули, два пати бил освојуван од Англичаните, преживеал два пожара, а се смениле 10-ици сопственици. Последниот одлучил да го прогласи за урнатина, со што требало да биде уништен. Досега се собрани 1,7 милиони евра, сосема доволно годинава да почне процесот на реставрација.

Голем предизвик е за нас да се реставрира ова здание и да се задржи автентичниот дух. Има многу руинирани делови и вегетација која е навлезена длабоко во дворецот, вели Џулијан Маркис, реставратор од Франција

Идното сопствеништво има повеќе симболичен карактер, зашто идните сопственици нема да можат да живеат во него, но ќе можат да го посетуваат и секако да се пофалат дека имаат дворец. Објектот никогаш не бил заштитен како објект од културно-историско наследство.


Во Германија дозвола за азил со поткуп од 1000 евра

Германија пред голем скандал откако беше откриено дека во градот Бремен биле издавани дозволи за азил со поткуп на администрацијата.

Сумата наводно била 1.000 евра, а надлежните се обиделе да го скријат овој скандалот.

    Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер е под засилен притисок во рамките на владата, но и од надвор од неа поради начинот на кој се справува со „големите нерегуларности“ во процесот на издавање дозволи за азил.

Германија со денови ја тресе голем скандал откако беше откриено дека канцеларијата на службата за мигранти и бегалци (БАМФ) во бремен им доделила азилантски статус на речиси 1.200 бегалци без почитување на процедурата. Сомнежите се дека статусот бил доделуван со мито, а во центарот на вниманието е поранешната шефица на локалната канцеларија во Бремен.

Нова демократија бара Ципрас да одговори дали и понатаму се разговара за Илинденска Македонија

Молкот од гршкиот премиер Алексис Ципрас за „Илинденска Македонија“ создава загриженост кај Грците во однос на тоа дали предлогот е сѐ уште на преговарачката маса

Молкот од гршкиот премиер Алексис Ципрас за „Илинденска Македонија“ создава загриженост кај Грците во однос на тоа дали предлогот е сѐ уште на преговарачката маса, смета потпретседателот на грчката опозициска партија, Нова демократија Костис Хаѕидакис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Хаѕидакис вели дека партијата, преку нејзиниот претседател Мицотакис, вчера два пати од грчкиот парламент „побара од премиерот да разјасни дали продолжува да разговара за името Илинденска Македонија“.

- Ципрас два пати се направи дека не го слушна. Неговиот молк на Грците им создава оправдана загриженост дека овој неприфатлив предлог, што е олицетворение на скопскиот иредентизам, уште се наоѓа на преговарачката маса. Господинот Ципрас треба денес и јасно да одговори на прашањето на Нова демократија, вели Хаѕидакис во неговата изјава. /МИА

Ѓорѓиевски и Петровски во „Само вистина“: Дијаспората во Австралија е против промена на уставното име

Во вечерашната „Само вистина“ ни гостуваа претставниците на Македонската дијаспора од Австралија.

Во вечерашната „Само вистина“ ни гостуваа претставниците на Македонската дијаспора од Австралија, Мелбурн Стефан Ѓорѓиевски Поешевски маркетинг менаџер во два весника и почесен член на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“ и Аце Петровски претседател и доживотен член на КУД ,,Никола Карев“ од Мелбурн. 

И двајцата во „Само Вистина“ говореа за она што и е потребно на дијаспората во Австралија за полесна комуникација  со матичната земја, но и за тоа зошто дијаспората покажа многу мал одѕив на изборите во 2011 и 2014-та година а се потрошија околу 3 милиони евра. Стефан Ѓорѓиевски Поешевски и Аце Петровски информираа дека Македонците во Австралија не биле задоволни од предлозите за пратеник, кога би бил тој предлог на наш избор а не да ни го бира СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ тогаш ние би гласале повеќе, велат.

И двајцата порачаа дека дијаспората е против менување на уставното име, реагираат што министерот за дијаспора Адеми не отишол да ги посети и очекуваат дека со Законот за дијаспора и со Стратегијата за дијаспора 2018-2023 година дека ќе им биде полесно да ги артикулираат нивните потреби и барања. Рекоа дека околу стотина Македонци од Австралија сакаат да инвестираат во Македонија и дека треба отвореност на владата и институциите за да ги привлече.

Повеќе гледајте во видеото на „Само Вистина“

притисни ентер