Трамп се повлекува : не зборував навредливо за мигрантите

Трамп одрекува дека на состанокот во Овалната соба ги навредувал земјите од каде што доаѓаат мигранти .
Американскиот претседател сепак потврди дека користел остар речник . Тој на твитер напиша дека не користел навредливи зборови против Хаити , Ел Салвадор и Африканските држави и не ги нарекол дека се ѓубре .

Ваквата изјава доаѓа по острите реакции од Обединетите нации и од Африканската лига за навредливиот тон кон мигрантите кои доаѓаат од овие земји . Обединетите нации го нарекоа Трамп расист. 

Американската „Dura Automotive Systems“ ќе отвори фабрика во Македонија

Американската компанија од автомобилска индустрија „ДУРА Аутомотив Системс“ ќе отвора фабрика во Бунарџик, соопштија од Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони.

Владата потпиша договор за долготраен закуп на градежно земјиште во ТИРЗ зоната.

Фабриката ќе се простира на површина од околу 16 илјади метри квадратни. Според најавите следното лето се очекува да започне со работа.

Иницијалното производство во Македонија ќе вклучува екстериерни алуминиумски лајсни и кровни носачи за европските производители на автомобили. Потенцијалното проширување би вклучило прототипско производство, дизајнирање и производство на алати и екструзија на алуминиум.

Се очекува да вработи околу 500 луѓе.

Компанијата е глобален снабдувач на оргинални компоненти за најреномираните производители на автомобили ширум светот.

Ова ќе биде нивна 37-ма локација во светот и 16-та во Европа.

Освен оваа за која вчера бил потпишан договорот - Владата неодамна се пофали дека е во разговори со 200 компании, од кои 30тина во завршна фаза на разговор.

Инаку во првиот квартал годинава влезени се 235 милиони евра директни странски инвестиици, што претставуваа најуспешен квартал од било кое тромесечие од последниве 10 години.

Вечерва „Млади за Македонија“ ќе протестираат против договорот со Грција

Вечерва е закажан протестен собир против договорот Грција, во организација на иницијативата „Млади за Македонија“.

Погледнете го целосниот извештај на нашата колешка Тамара Стојкова која е пред Собранието на Р:М. :

„Ербас“ ќе ја напушти Британија доколку не се постигне договор со ЕУ

Европскиот производител на авиони „Ербас“ предупреди дека ќе ги повлече инвестициите од Велика Британија, бидејќи стравува дека британската Влада може да ја напушти ЕУ, без да постигне договор за преодниот период по Брегзит.

Компанијата соопшти дека ги проценила ризиците поврзани со Брегзит.

Доколку земјата ги напушти „истовремено заедничкиот пазар и царинската унија, без преоден договор“, тоа ќе предизвика големи проблеми во нејзиното производство во Велика Британија и загуби од милијарди долари.

– Таквите сценарија ќе го принудат „Ербас“ да ги преразгледа инвестициите во Британија и својата долгорочна позиција во земјата, предупреди „Ербас“.

Компанијата има 25 објекти во Британија, каде произведува авионски крила. Во неа се вработени 14.000 лица на островот и уште 100.000 во нејзините филијали.

Велика Британија треба официјално да излезе од ЕУ на 28 март 2019 година.

притисни ентер