Богојески: По изборите на Груевски му беше даден рок од триесет дена да си даде оставка

Петар Богојески од републичкиот штаб за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното издание на „Само Вистина“ посочи дека на Груевски му бил даден рок од триесет дена да ја преземе вината за изборниот пораз, да си даде оставка и да организира конгрес.

- Ние му го дадовме тој рок како разумна рамка за да има време да се подготви на таквиот чекор, рече Богојески кој нагласи дека најважно од се е да се конципира прво нов статут на партијата кој нема да му дава неограничени права на идниот партиски лидер кој би можело да се бира два пати последователно со мандат од по четири години.

Богојески не ја исклучува можноста вонредниот конгрес за кој денеска во интервју најави Груевски, да е конгрес на кој би бил избран некој близок соработник на Груевски на кого, тој би му бил сенка, а како можна таква личност, Богојески го наведе актуелниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски. Но, сепак наведе, дека одлуката за конгресот ја градат партиските тела во кои има приврзаници на идејата и предлогот на реформаторите за одржување на еден слободен, демократски и обединителен конгрес. Идниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Богојески го гледа од редовите на партијата но, децидно не прецизира дали тој би бил од редовите на реформаторите.

Александар Пандов кој е член на ВМРО-ДПМНЕ но не активен, инаку поддржувач на политиките на актуелното раководство, рече дека се повеќе очекува целата оваа ситуација да резултура со организирање два конгреса, веројатно мислејќи на неможноста да се изгради единство во партијата. Тој рече дека не би прифатил да е член на партија или од повисоките партиски структури доколку со нив раководи крилото на реформаторите. Богојески на Пандов му рече дека се што тој прогнозирал од летото наваму не се остварило а дека се што прогнозирале реформаторите, се остварило.

Погледнете ја целата дебата „Само Вистина“


Пожар во руска рафинерија

Пожар во руска рафинерија: „Краток спој“ или украински дронови? 

Неколку вагони со нафта се запалија во четвртокот во близина на нафтена рафинерија во Омск, југозападна Русија.

Во близина на Транссибирската железничка линија изгореа локомотива и три вагони со речиси 90 тони нафта. Снимките покажуваат огромен пламен и остар црн чад што се издига над железничката станица.

Огромен пожар на железничката станица Комбинатска зафати околу 10.750 метри квадратни, додека 58 пожарникари неколку часа се бореа да го локализираат.

Притвор од 30 дена за жител на Непроштено за разбојништво и поседување автоматска пушка

Прифатен е предлогот на jавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово за определување мерка притвор во траење од 30 дена за 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено. Осомничениот на 24 април 2024 година маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин, како што се наведува, осомничениот сторил кривични дела „Разбојништво“ и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Мерката притвор е определена за осомничениот поради тоа што постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото.

ЈО: Истрага за разбојништво со автоматска пушка во казино во Лешок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

притисни ентер