Црвен тепих и бањарка:Рита Ора се пресоблече 12 пати додека ги водеше MTV EMA наградите (фото)

Рита Ора се најде во улогата на домаќин на настанот „MTV Europe Music Awards 2017“.
Таа покажа дека е жената на ноќта со 13 неверојатни стајлинзи на сцената.

Британската ѕвезда одлично се снајде во улогите на водител и изведувач и направи неверојатна атмосфера на настанот.

Фановите на социјалните мрежи имаа само пофални зборови и ја проценија како брилијантна, забавна и автентична во водењето на настанот.

Од раскошни тоалети и чудни перики, па до појавување со бањарка и дијаманти на сцената, при секое наредно излегување на сцената на Рита публиката доживуваше изненадување.

Таа го донесе гламурот на стариот Холивуд со виолетовата тоалета, но и ја покажа сензационалната фигура во сино, светкаво, мини фустанче.

Еве ги нејзините неверојатни трансформации на настанот.

Фото: Најубава на Мундијалот ?

Светскиот фудбалски самит во Русија е се поблиску, но, што е уште важно покрај најзначајната споредна работа на светот, секако мундијалските убавици.

Британските медиуми прв пат  им посветија внимание на манекенките , реалити ѕвездите и ја преставија убавицата која достојно ги претставува сите жени и девојки на фудбалерите , кога станува збор за Англија.

Убавата Руби Меј е модел за долна облека и девојка на репрезентативецот Дели Али .

Манекенката и асот на Тотенхем веќе две години се во врска.

Прекрасната Руби на претстојниот Мундијал во Русија сигурно ќе биде меѓу најубавите девојки или сопруги на некој од фудбалерите.

Хуманитарна аукција за матурантите од СОС Детско село

Хуманитарна аукција во рамки на кампањата „Креатори на насмевки“ за собирање средства за децата без родители од СОС Детско село ќе се одржи вечерва во Скопје.

- Целта на аукцијата е да ги мотивира младите дизајнери и да им ја обезбедиме најубавата матурска вечер на матурантите од СОС Детско село. На аукцијата ќе бидат понудени чанти подарени од Карписа што студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија, предводени од Никола Ефтимов и Александар Рашковиќ, ги редизајнираа надградувајќи ги со својата уникатна креативност, најавуваат организаторите.

Аукцијата е од отворен карактер и ќе се одржи во ТЦ Капитол мол кој е иницијатор на проектот. /МИА

Родители преку суд го бркаат од дома нивниот 30 годишен син

Мајка и татко од Њујорк решиле по секоја цена да го избркаат од дома нивниот 30 годишен син и да го натераат да живее самостојно.

Кристина и Марк  го тужет синот Мајкл Ротондо поради тоа што не им плаќа кирија и не придонесува кон семејниот буџет иако има 30 години . Тие дури и му дале 1100 долари за да си замине од дома и да се смести на друго место .

Но, синот продолжил да живее со родителите. Мајката и таткото на неколку пати му испратиле и судски опомени за иселување , кои Мајкл ги игнорирал .

Кон крајот на месецот родителите ќе го дадат случајот на нивниот син на Врговниот суд и тоа на само неколку недели пред 31 роденден на нивниот син .

притисни ентер