Погодени се, области на границата Иран – Ирак, истокот на Јапонија и Костарика.
Во страшниот земјотрес во Иран и Ирак има повеќе од 200 загинати. Во силниот земјотрес кој ја погоди областа Кеменшах на границата меѓу Иран и Ирак, според последните информации 210- луѓе го загубиле живото а повеќе од 2800 се повредени. Агенциите пренесуваат дека силата на земјотресот била меѓу 7 и 7,9 степени според Рихтер.
Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на источниот брег на Јапонија., соопшти Американскиот геолошки институт. Земјотресот чија првична сила била проценета на 6,1 степен според Рихтер ја погодил областа на 351 километар источно од Шендај на островот Ноншу, на длабочина од 9,5 километри. Јапонската метеоролошка служба информираше дека силата на земјотресот била 5,7 степени според Рихтер.
Земјотрес со јачина од 6,5 степени по Рихтер денеска го погоди и брегот на Костарика, но за среќа во земјотресот нема жртви, ниту пак е причинета материјална штета. Исто така не било издадено ниту предупредување за опасност од цунами.