Македонско - бугарска прекугранична винска продукција

- Регионален економски развој преку промовирање прекугранична винска продукција на национално и на европско ниво, е целта на проектот „Размена на искуства и информации во индустријата за производство на вино - начин за прекуграничен економски развој“.
Проектот се реализира преку Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Kако што беше речено на денешната  прес-конференција, ќе овозможи доближување на европските стандарди до македонските енолози и производителите на вино.

- Проектот е одличен показател за добрата пракса на искористување на ЕУ фондовите, додека соработката со Бугарија е добредојдена за размена на знаења од страна на членка на ЕУ. Причината да ја таргетира винската индустрија е големиот број производители и љубители на вино кои спаѓаат во трансграничниот регион, рече градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски.

Претставниците од Бугарските партнер - здруженија, Борислава Авџиева од „Еуроинтегра“ и Станимир Стојанов од „Сојузот на енолозите на Бугарија“ истакнаа дека соработката со македонските партнери е одлична, продлабочена и надградена е потенцијал за имплементација на следни вакви проекти кои ќе придонесат за размена на искуствата и развој на регионите.

Во рамки на проектот е изготвена винска карта, единствена од ваков вид, која ги означува сите лозја и производители на вино во регионот со потребните информации за потеклото на различните сорти вино. На 17 април во Штип беше одржано и основачко собрание на Здружението на енолози од Македонија.

Проектот го имплементираат регионалниот центар за соработка „Спектар“ од Крива Паланка, „Евроинтегра“ – клон Кресна-Сандански и Сојузот на енолози на Бугарија – клон Благоевград. /МИА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ моли ЕУ да не ни даде датум

ВМРО-ДПМНЕ е криминална и антидржавна партија која ги загрозува европските аспирации на државата за да си отвори шанса повторно да го инсталира режимот и да го амнестира партискиот криминал.

Нивниот последен скандал е обидот да издејствуваат Европската Унија да не и додели датум за почеток на преговори на С. Македонија. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ ја доведува во опасност иднината на државата и на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ како аргумент да ја оправда ваквата антидржавна политика ја користи лагата дека со доделувањето на датум за преговори во март, Европската Унија ќе влијае врз изборната кампања со фаворизирање на одредена партија.

Партијата на Христијан Мицковски  моли меѓународни преставници и европратеници да не се додели датумот за преговори затоа што нивната режимско – криминална матрица е така кодирана – да ја уништува државата, да и ја блокира европската иднина и повторно да ја окупира.

Крајната цел на ВМРО-ДПМНЕ е С. Македонија никогаш да не стане членка на НАТО и на ЕУ само за да си го спасат криминалот и одговорноста што ја покрадоа државата.

ВМРО-ДПМНЕ никако да научи дека реформите, резултатите и успесите не се постигнуваат за партиите, туку за државата. Датумот за почеток на преговори со ЕУ ќе и се додели на С. Македонија, а не на СДСМ или на која било друга партија во власта.

Затоа ваквите потези на ВМРО-ДПМНЕ да лобира за државата да не добие датум, се крајно опасни, непромислени и ја загрозуваат европската иднина на граѓаните.

СДСМ ќе остане посветена на правиот пат кон Европа. Таму е нашата иднина и иднината на нашите деца. Ние ќе сториме се нашата држава во март да го добие датумот за преговори.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Албанскиот претседател го тужи министерот за правда поради кршење на Уставот

Албанскиот претседател Илир Мета до Специјалното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција (СПАК) поднесе кривични пријави против тројца високи функционери на министерството за правда.

Кривични пријави добија Етилда Ѓонај, министерка за правда, Гентијан Дева, генерален секретар во министерството за правда и Елева Хаџи, директорка на центарот за службени публикации.

Врз основа на кривичниот закон, Мета ги товари за злоупотреба на службената должност, фалсификување документи, вршење незаконско влијание врз лица кои вршат јавна функција и присвојување на титула или државна должност, што го правеле во соработка.

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе обезбедиме бесплатен приклучок до гас за секое семејство

ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за доброто на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април кога ќе ја формира Владата ќе донесе мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе значи обезбедување на природен гас за секое домаќинство. Овој енергенс ќе биде достапен за секого.

Со овој проект ќе се опфатат голем број населени места и ќе се овозможи природниот гас да биде подостапен до граѓаните и до компаниите.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе донесе на секое домаќинство бесплатен приклучок до гас. Односно ова ќе значи нула денари трошок на секој дом кој ќе реши да користи гас како енергија. Ова подразбира повеќе пари за граѓаните, но и почиста животна средина.

Обнова на Република Македонија следува по 12-ти април, кога новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи целосна гасификација на државата. Обновата значи реални проекти и мерки за секој граѓанин во Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер